12:44 - 27 ноември, 2026

Семејството Ражнатовиќ пука од среќа: Вељко откри на кого личи бебето

Вељко Ражнатовиќ и неговата сопруга Богдана денеска го добија третиот син кого го нарекоа Исаија.

Светлана Цеца Ражнатовиќ со синот Вељко ја посетија својата снаа, а по излегувањето од породилиштето на медиумите им открија како се чувствува Богдана.

– Богдана е добро, благодарам – рече возбудениот татко.

На прашањето на кого личи бебето, кратко одговори со насмевка:

– На Ражнатовиќ – додаде Вељко.

Да потсетиме, гордите родители на момчето му го дадоа името Исаија, што значи „Божја помош“.

Парот го доби својот прв наследник на 6 јуни 2020 година и на момчето му го дадоа името Жељко, по таткото на Вељко, а потоа минатата година нивното семејство стана побогато со уште еден член – Крстан.

– Сега живеам во Тител. Во моментов сум тука додека се подготвувам за натпревари. Се враќам во моето село, градот повеќе нема да ме види. Отсекогаш сонував да имам два сина…ова трето дете е само плус. Се надевам на девојче сега, по синовите – изјави еднаш во емисијата „Премиер-Викенд Специјал“.

Слични објави

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova
Се вчитува....