26.8 C
Скопје
17:01 - 29 април, 2024

Како хороскопските знаци да ја дочекаат Нова година за да привлечат пари!

Како што се наближува празничната сезона, прашањето како да се прослави Новата 2023 година станува се поактуелно.

Астролозите даваа совети на секој знак од Зодијакот за облеката и додатоците што треба да ги имаат на новогодишната ноќ за да привлечат пари за цела 2023 година.

Овен

Ѕвездите велат дека најдобро е претставниците на овој хороскопски знак да носат облека во кафена боја. Тоа може да биде кошула, јакна или чевли. За да се привлече богатство во новата година, добро е да носите убав рачен часовник.  Ако немате, можете да носите како замена – нараквица или да врзете кафеав конец околу раката.

Бик

Астролозите ги советуваат Биковите да ја дочекаат Новата година во син фустан/костум. Ако во гардеробата немате такво нешто, тогаш облечете сина кошула или сина блуза. Оваа боја ќе им го отвори финансискиот успех од 1 јануари.

Близнаци

На Близнаците ѕвездите им се советува да се облекуваат што е можно поедноставно на новогодишната ноќ – фармерки, кошула или маица, џемпер. Сепак, треба да се избегнуваат светли и фенси бои и натписи -зашто тие може само да ја расипат финансиската компонента.

Рак

Раковите треба да користат зелени нијанси во облеката. Тоа може да биде џемпер или дури и шамија/шал, но не треба да заборавите на тоа, бидејќи зелената боја ќе игра важна улога за привлекување пари.

Лав

Смарагдната боја има одлично влијание врз благосостојбата на Лавовите. Фустан во таква нијанса не само што ќе ги излуди гостите, туку и ќе го отвори патот кон светот на финансиите и луксузниот живот. За мажите – кошула или шал во таа нијанса.

Девица

Девиците треба за Нова година да се облечат конзервативно и скромно, користејќи бели, крем или млечни нијанси во нивната облека. Сребрениот и белозлатен накит исто така ќе помогнат да се привлечат пари.

Вага

За Вагите, бојата на 2023 година е жолтата. Затоа, во празничната облека треба да има барем мал елемент на жолта боја, која ќе си ја заврши работата и ќе обезбеди просперитет.

Шкорпија

За Скорпиите е подобро да избираат облека со дезени, риги, бранови, квадрати или дијаманти. Ќе имаат модерен изглед и ќе бидат добар магнет за пари за следната година.

Стрелец

Стрелците оваа новогодишна ноќ треба да имаат луксузен изглед. Астролозите велат дека за да се отвори финансиски тек, важно е да користите што повеќе сина боја во вашата облека.

Јарец

Бојата на страста за Јарците на новогодишната ноќ ќе биде бојата на парите. Ѕвездите советуваат да додадете црвена боја на вашата модна комбинација, но во умерена количина.

Водолија

Облеката не е толку важна за Водолиите колку додатоците. За да привлечете финансии и добра работа во 2023 година, важно е да носите скап накит на новогодишната ноќ. Тоа може да биде прстен, нараквица или обетки/ за мажите скап часовник и манжетни. Но, не смеете да позајмувате накит, инаку ќе позајмувате пари цела година.

Риби

За да имаат добро богатство во 2023 година, важно е Рибите добро да потрошат на својот имиџ за Нова година. Подобро е да се даде предност на воздржан класичен стил и на белата нијанса за привлекување пари.

Слични објави

Јелена Карлеуша призна дека не верува во помирување со Душко: Ситуацијата е очајна многу долго, никогаш нема да биде како порано…

Еспресо

Марија Шерифовиќ за проширување на семејството: Еве дали ќе има и второ дете

еспресо

(Видео+фото) Цифрата значително скокнала! На осмиот ден од одењето пешки за Грција Никола Роквиќ објави колку пари се собрани

Еспресо

(Видео) „Ви благодарам што сте дел од мојот живот!“: Каролина го прослави роденденот со сопругот и најблиските

Еспресо

(Фото) Луѓето воодушевени од фустанот на Александра Пријовиќ од Роберто Кавали: Го пронајдовме, во моментот е на намаление

Еспресо

(Фото) Никол Кидман ги покажа ќерките: Убави како мама

еспресо
Се вчитува....