23.8 C
Скопје
18:48 - 5 мај, 2024

Време за славење: Три хороскопски знаци буквално ќе запејат од среќа во претстојната недела

Астолозите направија хороскоп за сите знаци на Зодијакот за периодот од 15 до 21 мај и заклучија дека три хороскопски знаци ќе бидат далеу посреќни од другите.

Имено, за претставниците на три хороскопски знаци претстојната недела ќе биде исклучително среќна, дотолку што буквално ќе потскокнуваат и запејуваат од радост.

Кои се среќниците на неделата, прочитајте во продолжение.

Вага

За Вагите дојде време за славење! Конечно, после толку месеци, оваа недела планетата Јупитер ќе престане да биде во опозиција со вашиот знак. Тешкотиите со кои сте морале да се соочите, особено на работното место, постепено ќе станат далечно минато и повторно ќе можете да најдете спокојство и уште повеќе од тоа – ќе имате можност за зголемување на платата и за напредување во кариерата. Конечно претпоставените ќе сфатат дека постојано сте биле во право, само што тие биле заблудени од различните гласини кои ги ширеле завидливите колеги на вашите способности. Само напред!

Риби

Оваа недела уште една планета ќе се приклучи на редот на вашите многубројни небесни сојузници: тоа е Јупитер кој, почнувајќи од вторник, ќе почне да дејствува во ваша корист, подготвен да ви даде многу среќа во секоја област на вашиот живот! Всушност среќата ќе ве следи како сенка, на секој чекор. Во љубовта пак, планетата на љубовта – Венера, е на ваша страна, и ќе ви донесе многу романтични моменти и блискост со многу посебни луѓе. Најсреќни денови во неделата ќе бидат четврток и петок, искористете ги до максимум.

Бик

Дојде моментот кој го чекавте толку долго време: моменти на неизмерна среќа и исполнување на долгосонуваниот сон! Конечно – почнувајќи од вторник – планетата Јупитер (планета на среќата) ќе влезе во вашиот знак! За вас ќе започне навистина среќен период во кој ќе можете да постигнете значајни резултати за што ќе бидете и великодушно наградени. Во меѓувреме, искористете ги најсреќните денови четврток и петок, кога дури и Месечината ќе биде на ваша страна и ќе ви приреди незаборавни романтични доживувања, а ќе ви донесе и добри вести.

На седмо небо: Три хороскопски знаци наскоро ќе бидат покриени од лавина љубов

Слични објави

(Фото) Се огласи поранешната сопруга на Харис Џиновиќ: Мелина реагираше на објава на социјалните мрежи

Еспресо

(Фото) Цеца на полноќна литургија: „Верник сум…“

еспресо

(Фото+видео) Еве како изгледа вилата на Јована Јеремиќ: Базен, лозје и поглед кој го одзема здивот

Еспресо

Астропрогноза за недела, 5 мај: Биковите да размислуваат позитивно, Јарците ќе напредуваат во кариерата

еспресо

„Црна низа“ денови: Судбината ќе ја тестира силата на два хороскопски знаци

еспресо

Кејт Мидлтон е подготвена да ѝ прости на Меган Маркл: „Нивните деца се во никакви односи“

еспресо
Се вчитува....