4.8 C
Скопје
07:44 - 20 октомври, 2026

УЖИВААТ ВО СПЛЕТКИ И ИНТРИГИ: Овие хороскопски знаци ќе ве насанкаат, манипулаторските моќи им се за личен напредок!

Според астрологијата, некои знаци се особено вешти кога станува збор за психолошките игри со луѓето околу нив. Тие ги користат своите манипулаторски моќи за личен напредок, победа или едноставно да се осигурат дека имаат контрола над нештата.

Овие хороскопски знаци се „зависни“ од адреналин. Се сметаат себеси за генијалци и сакаат да ги окупираат своите умови со планирање и интриги.

Скорпија

Кога станува збор за психолошки игри, Скорпиите се апсолутно први на листата и сè што прават е смислено и со цел. Тие се интензивни луѓе кои секогаш го знаат својот следен чекор и постојано смислуваат нови стратегии и планови за полесно и побрзо да ги постигнат своите цели. Тие се многу манипулативни и не се воздржуваат да искористат некого доколку им е потребен за да си го постигнат она што го имаат зацртано, независно дали станува збор за професионалниот или приватниот живот.

Бик

Припадниците на овој знак не ги користат своите тактики за да напредуваат во животот, туку за да откријат какви се луѓето околу нив и да ги „разберат“ нивните намери. Пред да се доближи до вас, Бикот ќе проучи како се снаоѓате во различни ситуации врз основа на кои ќе процени дали ве
сака во негова близина или не.

Лав

Слично како Скорпиите, и Лавовите играат психолошки игри за да ги искористат луѓето околу нив за да ги постигнат своите цели. Тие ќе ве контактираат секогаш кога им требате и суптилно ќе ве натераат да им завршите голем дел од некоја работа. Се разбира, тие нема да го сторат тоа директно, прво ќе ве привлечат во нивната приказна и веројатнно ќе имате чувство дека работите за општото добро или дека вашиот труд ќе ви се исплати.

Девица

Девиците се паметни и пресметани луѓе. Тие постојано играат психолошки игри за да преминат на следното ниво од нивната животна стратегија. Без разлика дали е за работа или за нешто од нивниот приватен живот. Девиците знаат како да ги натераат другите да им помогнат во остварувањето на своите цели.

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.
Се вчитува....