14:12 - 7 ноември, 2026

Проблеми до гуша: Три хороскопски знаци во мај ќе го допрат дното

Астролозите наведоа три знаци на Зодијакот, кои во мај ги очекуваат големи проблеми, поради кои може дури и да паднат во долготрајна депресија.

Станува збор за три хороскопски знаци кои треба да се подготват за сериозни тестови на Универзумот.

Овен

Можно е да имате здравствени проблеми. Ова може да биде и повторување на некоја хронична болест или појава на ново заболување. Решавањето на овој проблем бара не само време и напор, туку и пари. Сепак, ѕвездите ви испраќаат огромна доза на оптимизам и веруваат дека ќе го надминете проблемот. Астролозите велат дека влошувањето на здравјето може да биде поврзано со вашата емоционална состојба. Затоа, не се изложувајте дополнително на стресови.

Девица

Во мај Девицата ќе има многу проблеми на работа. Вашите претпоставени може да бидат незадоволни од начинот на кој ги извршувате обврските, а ќе биде речиси невозможно да избегнете конфликти со колегите. Експертите советуваат да се смирите, да се обидете помалку да комуницирате со луѓето, за ситуацијата да не се влоши до фатални последици. Размислете пред да направите или да кажете нешто.

Вага

Вагите може да имаат финансиски проблеми. Не позајмувајте пари и не земајте кредити,  бидејќи постои ризик да останете без пари и/или да „заглавите“. Подобро размислете за нови извори на приход. Покрај тоа, ќе имате проблеми и во личниот живот. Ѕвездите велат дека ако не најдете заеднички јазик со вашата сродна душа, наскоро може засекогаш да се разделите.

Слични објави

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо
Се вчитува....