08:05 - 7 ноември, 2026

Попоски: Ни доаѓаат дождови и силен ветер, на планините снег, еве кога

– Под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса од запад и од северозапад, до среда времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер (овие процеси локално ќе бидат застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со СИЛЕН ветер и услови за појава на суградица и на град).

Од среда ќе започне да дува ЗАСИЛЕН ветер од северен правец со што од север ќе пристигне посвеж воздух, па така во среда во западните и во северозападните највисоки планински предели ќе има повремени врнежи од СНЕГ.

Од четврток времето ќе биде постабилно и посончево, но наутро температурите ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОНИСКИ и локално ќе се спуштаат и до околу 0 степени, со што има услови за појава на слаб мраз.  Максималните дневни температури исто така ќе бидат под просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени.

За време на викендот, повторно ќе има ПОРАСТ на максималните дневни температури на воздухот и тие ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени.

Во Скопје и околината до среда времето ќе биде променливо и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи, засилен ветер а има услови и за појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 17 и 20 степени.

За време на оваа влажна и нестабилна воздушна маса, локално ќе наврне ПОЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог (над 20 л/м2), вели метеопрогнозерот Попоски.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.
Се вчитува....