13:05 - 27 ноември, 2026

Лепа Брена и Боба ја продаваат вилата во Мајами за 17 милиони долари: Само месечното одржување чини две илјади долари

Во дворот има базен, а куќата е опкружена со луксузни вили, има две купатила, кујна и трпезарија, и целата е поплочена.

Лепа Брена и нејзиниот сопруг Слободан Боба Живојиновиќ ја продаваат нивната луксузна вила на брегот на Мајами за 16,9 милиони долари, пренесуваат американските и српските медиуми.

„Њујорк пост“ пишува дека поранешниот тениски ас, кој претходно тврдеше дека имал пријателски односи со принцезата Дијана во 1980-тите додека таа сè уште беше во брак со принцот Чарлс, го продава луксузниот имот што со години го поседуваше славната двојка.

Боба и Брена ја купија луксузна вила во 2012 година и уживаа да одат таму секогаш кога имаа време, како и нивните деца.

Куќата е изградена во 1950 година во типичен монтажен, американски стил и се простира на 400 квадратни метри.

Во дворот има мал базен, а куќата е опкружена со луксузни вили, има две купатила, кујна и трпезарија, и целата е поплочена. Се наоѓа веднаш на брегот и нуди прекрасен поглед на океанот.

Нивните соседи се многу познати личности, а се проценува дека месечното одржување на таков имот чини 2.000 долари, како што пишува српски Курир.

Ова не е единствениот имот во сопственост на Брена и Боба. Тие поседуваат вила на Бежанијска коса, недвижен имот во елитната населба Нови Београд, стан во Монте Карло и многу повеќе. Сепак, слободното време секогаш го користат за патување, па ретко се задржуваат на едно место.

 

Слични објави

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova
Се вчитува....