14:32 - 13 ноември, 2026

(Фото) Каков гламур, поглед одблизу на свадбата на Софија Ричи: Еве кои биле гости од А листата

Софија Ричи се омажи за Елиот Грејнџ во Франција во саботата во присуство на бројни ѕвезди од А листата, славни личности кои беа таму за да ја споделат љубовта со ќерката на Лајонел Ричи. Свадбата се одржа во ексклузивниот хотел ду Кап-Еден-Рок во Антиб на француската ривиера.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NICOLE RICHIE (@nicolerichie)

Сестрата на Софија, Никол Ричи, се огласи на Инстаграм за да покаже како се одвива забавата и почнаа да се слеваат бројни коментари на нејзината објава.

„Те сакам повеќе од се“, напиша Никол на објавата.

Некои од ѕвездите кои присуствуваа на свадбата беа Дајан Александар, сестрата Никол Ричи и нејзиниот сопруг Џоел Маден, Парис Хилтон и нејзиниот сопруг Картер Реум, глумицата Камерон Дијаз и нејзиниот сопруг Бенџи Маден и други.

Невестата на свадбената церемонија смени дури три тоалети од Шанел.

Сите фустани беа рачно дизајнирани по мерка и специјално за пригодата.

„Можам да танцувам, можам да се движам слободно“ – забележа Софија за дизајните на гламурните фустани што ги носеше.

„Ги обожавам! Тоа е традиционалниот Шанел. Можам да јадам и пица и помфрит во овој фустан“, додаде таа.

Слични објави

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.
Се вчитува....