14.8 C
Скопје
09:40 - 17 мај, 2024

ОВИЕ ЗНАЦИ НА ЗОДИЈАКОТ ГИ ОЧЕКУВА ГОЛЕМА СРЕЌА ВО ЉУБОВТА: Ќе ја најдат својата сродна душа

бакнеж

Годината на која веќе полека се ближи до крајот, како што тврдат астролозите, за некои знаци од Зодијакот претставува крај на периодот кој за многумина не беше за паметење, но и влегување во нов кој носи подобри и поубави денови.

Како што предвидуваат ѕвездите, пет хороскопски знаци во наредните месеци ќе ја запознаат својата сродна душа. Божицата на љубовта и убавината, Венера, особено ќе биде наклонета кон огнените и воздушните знаци.

ШТО Е ЉУБОВ? Секој од хороскопските знаци има свој одговор

Лав

Лавовите ги чека вистинска магија на љубовен план. Без разлика дали се веќе заљубени или ќе се заљубат, целосно ќе уживаат во последниот месец од 2021 година, но и во поголемиот дел од следната година. Некои припадници на овој знак ќе сфатат дека „љубовта на нивниот живот“ цело време била пред нивните очи. Конечно, таа личност ќе им ги признае чувствата, а Лавовите ќе влезат во стабилна и прекрасна љубовна приказна. Оние кои се вљубени пак, ќе уживаат во вниманието на своите партнери и изливи на емоции.

СРЕЌА ШТО ЌЕ ВЕ ИЗНЕНАДИ: Неделата за овие хороскопски знаци ќе биде прекрасна

Вага

Божицата на љубовта и убавината која владее со нивното соѕвездие во наредните месеци ќе ја покаже сета своја моќ кога се во прашање Вагите. Додека многумина ги сметаат за неодлучни и „тешки“ само кога се во прашање емоциите, оваа зима конечно ќе ги остварат своите соништа кога се во прашање емоциите. Многу Ваги ќе сфатат дека нивната „идеална половина“ е некој со кој биле во минатото и ќе дадат се од себе за да ја вратат таа личност во својот живот. Со оглед на тоа што нивната заштитничка Венера ќе им биде наклонета, ќе успеат во тоа, па многу претставници на овој знак новогодишните празници ќе ги дочекаат во прегратка на саканата личност. Ќе се потрудат да им направат вистинско изненадување на своите партнери за празниците и да ги направат тие денови незаборавни.

ЛУТИ КАКО ПИПЕРКА: Што го „вади“ од памет секој хороскопски знак

Стрелец

Несериозните и авантуристички настроени Стрелци ќе сакаат да се озбилат во наредниот период. Ќе сфатат дека им треба малку мир и сигурно пристаниште. Голема е веројатноста припадниците на овој знак на Зодијакот да ја сретнат својата „сродна душа“ на некоја прослава, новогодишна ноќ или патување. Ќе бидат изненадени колку брзо „хемијата ќе си го направи своето“ и додека трепнат веќе ќе бидат заљубени „до уши“. Наскоро ќе сфатат дека оваа личност е само некој што можеби го чекале цел живот и за кој сонуваат. Стрелци кои се во врска ќе уживаат во семејната хармонија.

 

Водолија

Овој знак важи за оние кои се заљубуваат во интелект. Водолиите оваа зима конечно ќе имаат можност да запознаат некој кој со нивниот начин на размислување и образование ќе ги воодушеви. Многу е веројатно таа личност да живее во странство, но за овој знак тоа не е проблем. Водолиите не се љубоморни и посесивни, па тоа ќе го сфатат како добра можност да научат нешто ново за луѓето. Со задоволство ќе патуваат, а празниците ќе ги поминат во прегратките на саканата личност. Иако многумина ги сметаат за ладни, конечно ќе се отворат и на својот избраник ќе му ја покажат таа длабоко скриена страна на нивната личност и дека кога ќе одлучат да сакаат, тоа го прават подлабоко и поемотивно од многумина.

Слични објави

(Видео) Нова страшна ситуација за Никола Роквиќ: „Се борев за живот“

еспресо

Астропрогноза за петок, 17 мај: Неочекувани средби за близнаците, непријатни озборувања за водолиите

еспресо

Универзумот ќе ги погали: Три хороскопски знаци ќе имаат среќа до крајот на мај

еспресо

Љубовната приказна на Бејби Лазања е како модерна бајка: „Мислев дека никогаш нема да ми се јави“

еспресо

(Фото) Пластичен хирург верува дека Том Круз се подложил на липосукција: „Добро направено“

еспресо

„Тоа не се мали пари…“: Се огласи директорот на хрватската болница во која Бејби Лазања сака да донира пари

Еспресо
Се вчитува....