16.8 C
Скопје
20:16 - 16 април, 2024

ШТО Е ЉУБОВ? Секој од хороскопските знаци има свој одговор

љубов

Овен

Родените во знакот на Овен ја сфаќаат љубовта како основно право и ја бараат дури и на необични и неочекувани места. Без љубов се чувствуваат како да венеат и таа им е како волшебна напивка. Такви се во врската, постојано бараат докази за љубовта, а доколку партнерот ги запостави, ќе изладат.

Бик

Биковите знаат да сакаат, непоколебливи се и лојални и ја ценат сигурноста во врската. Ги привлекуваат луѓе кои можат да им го обезбедат тоа. Но, тие можат да бидат посесивни, зависни од партнерот и љубоморни. За нив љубовта е нешто што секогаш мора да биде достапно.

Близнаци

Љубовта кон Близнаците претставува пријатна врска со партнерот. Но, во негативна смисла, љубовта може да ги натера да чувствуваат некаква ограниченост во животот. Тогаш, Близнаците ќе покажат површност, склоност кон изневерување и несигурност. Ако врската им се чини како некаква обврска, ќе имаат чувство дека тоа е ограничување на нивната слобода.

ЛУТИ КАКО ПИПЕРКА: Што го „вади“ од памет секој хороскопски знак

Рак

За нив љубовта е потреба број еден, огромна и длабоко сентиментална. Тие се емотивни, дарежливи и сензуални, тоа е основата на нивниот внатрешен живот. Во животот сакаат да изградат „љубовно гнездо“, во кое ќе се чувствуваат исполнето.

Лав

Со родените во знакот на Лав љубовта е вистински оган, романтична и убава. Сакаат сцени од романтични филмови и бајки, сакаат да бидат заљубени и да се чувствуваат сакано и потребно. Тие имаат способност да предизвикаат чувство на исполнетост и задоволство кај саканата личност. Истовремено имаат потреба од доминација, која се манифестира и во љубовна врска.

Девица

Родените во овој знак веруваат во она што го гледаат, љубовта за нив е вистинска мистерија. Често нивните најголеми љубови се домот, работата или некое место. Во врската тие се целосно посветени на врската и партнерот, но секогаш ќе ја гледаат нејзината практична страна.

НЕ СЕ ОБИДУВАЈТЕ ДА СКРИЕТЕ НЕШТО ОД НИВ: Хороскопски знаци кои ве читаат како отворена книга

Вага

За нив љубовта е хармонија, тие бараат рамнотежа во спојување на две личности. Сакаат урамнотежена врска, во која нема крајности. Сето тоа ги води до среќни и пријатни врски. За нив љубовта се поврзува и со убавината, па во се бараат симетрија и хармонија, и почитување на принципите на естетиката. Поради тоа понекогаш им треба многу време да го пронајдат идеалниот партнер.

Скорпија

За нив љубовта е вистинска желба, сакаат единство кое целосно ќе ги обземе и ќе им го одбележи животот. Чувствуваат дека за љубовта вреди секоја жртва, повеќе ја разбираат на физички начин, а интимноста со партнерот им е од витално значење. Тие се убедени дека на овој начин и духовно се поврзуваат.

Стрелец

Љубовта е вечна, веруваат Стрелците, но во исто време имаат чувство дека може да им недостига. Така, тие се подготвени да ја бараат, да ја истражат и да се обидат да ја задржат. Во основа се несигурни, па бараат емотивна оаза во љубовта и често ја идеализираат. Оваа нивна несигурност засекогаш се крие зад комуникативноста и дружељубивоста. Освен тоа, често се плашат да погледнат подлабоко во сопствените емоции, поради што се лишени од длабочината на љубовта.

НАЈЛОШИТЕ СВЕКРВИ: Се раѓаат во овие три хороскопски знаци

Јарец

За нив љубовта е размена на задоволство и им носи сигурност. Чувството дека се сакани им е многу важно, за нив претставува одговорност и стабилност, кога ќе се отворат кон партнерот ќе се открие нивната страсна страна. Сатурн работи во нив во насока на почитување на културата и успехот, па често ги привлекуваат богатите луѓе.

Водолија

Водолијата смета дека љубовта е толерантна и пријатна. Таа е универзална и несебична, бидејќи луѓето родени во овој знак веруваат во еднаквост во сите сфери на животот. Тие сакаат да ја испитаат длабочината и опсегот на љубовта и се подготвени за нов пристап. Водолијата е хуманитарец на Зодијакот, секогаш ќе има многу познаници и пријатели.

Риби

За нив љубовта е нешто што бара целосно предавање. Љубовта е несебично чувство, ѝ се восхитуваат како да е чудо, ја поврзуваат со креативноста и филозофијата. Но, поради промената на природата и влијанието на Нептун, Рибите можат да покажат склоност кон движење, постојано во потрага по вистинска љубов и подлабоко значење. Сепак, тие можат да бидат и верни и да се посветат, доколку најдат партнер за кој сметаат дека е вистинскиот.

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП – ДЕКЕМВРИ 2021: Како ќе ја завршите старата година?

извор: „24.hr“

Слични објави

Шокантни тврдења за двојниот живот на Џенан Лончаревиќ: Сосетка вели дека пејачот има дете со љубовницата

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ позираше во вежбална: Водителката ја покажа долната облека

Еспресо

Јелена Карлеуша му се закани на Тони Бијелиќ: Само ако продолжи на каков било начин да ја загрозува Драгана Мирковиќ…

Еспресо

(Видео) Среде улица пие алкохол: Харис Џиновиќ снимен како се теши по разводот со Мелина

Еспресо

(Фото) Синот на Драгана Мирковиќ се посвети на верата и црквата: Го „отследи“ татка си на Инстаграм

еспресо

„Ми подметнаа филм за возрасни“: Ава Карабатиќ среде скандал пред изборите во Хрватска

Еспресо
Се вчитува....