12.8 C
Скопје
22:27 - 13 мај, 2026

Хороскоп за 8 март: Супер расположение за Лавовите, романтично патување за Вагите, разочарување за Раковите…

Астролозите составија хороскоп за сите знаци на Зодијакот за среда, 8 март.

Рибите треба да внимаваат што зборуваат, а Вагите ќе се подготвуваат за некое важно патување. Прочитајте повеќе во нашиот хороскоп.

Овен

Овенот ќе биде зафатен со рутински работи така што нема да има време за средби со роднините или за дружења со пријателите. Ќе брзаат да поднесат извештаи, проекти или да завршат нешто. Очигледно, празникот ништо нема да им значи, па ништо посебно на љубовен план нема ни да добијат.

Бик

Биковите наутро ќе работат продуктивно, но навечер ќе си дозволат да се опуштат и да се забавуваат. Осамените Бикови имаат можност денес да запознаат многу интересна личност.

Близнаци

Не бидете срамежливи, Близнаците треба некому денес да ги признаат своите чувства. 8 март е одличен повод за ова. Оние Близнаци кои се подолго време во врска можат да ѝ приредат романса на својата сродна душа.

Рак

На Раковите на овој ден, судбината им подготвува не многу пријатно изненадување. Тоа може да биде нешто поврзано или со вашата кариера или со вашиот личен живот. На пример, некои од колегите на работа може да ве разочара, или приватно – тоа да го направи партнерот.

Лав

Лавовите од самото утро ќе се расположат со романса, грижа и изјава на љубов. Жените Лавици може да очекуваат скап подарок и луксузен букет цвеќе.

Девица

Девицата и покрај празникот ќе биде страсна за работата. Нема да имаат апсолутно никаква желба да се одморат, да се забавуваат, а најмалку да прославуваат.

Вага

Вагите ќе се подготвуваат за некакво патување, за деловен состанок или за јавен говор. Тие ќе бидат малку загрижени за претстојниот настан, но мала трема не е на одмет – ќе бидат забележани на сцената и наградени.

Скорпија

Скорпиите треба да се фокусираат на работите што ги прават, во спротивно постои ризик да влезат во многу непријатна ситуација.

Стрелец

Денот ќе биде многу плоден и профитабилен во однос на трансакции, преговори, интервјуа, купување или продавање за Стрелците денес, затоа искористете го.

Јарец

Јарците на овој ден може да почувствуваат потреба да позајмат пари од некого. Не е најпријатно, но неизбежно е.

Водолија

Водолиите треба да се покажат од најпрофесионална страна за да постигнат авторитет во тимот денес.

Риби

Рибите треба да молчат, во спротивно може да влезете во сериозен конфликт поради невнимателно искажаните зборови.

Слични објави

Снимањето на серијата за Марина Туцаковиќ започна во тајност – познато е кој ќе го игра ликот на легендарната авторка

Еспресо

За Македонката Милена од Неготино пееше цел регион – нејзината средба со Рајко Дујмиќ од „Нови фосили“ е преточена во најубавите стихови

Т.Ц.

Јала Брат влегува во светот на филмовите – раперот глуми во криминалистички трилер што се снима во Загреб

Еспресо

Која е Викторија Сваровски? Водителката на Евровизија е кралица на кристалите и е во врска со милијардер

Т.Ц.

„Ми ја украде песната“: Познататa пејачка со жестоки обвинувања кон Милица Павловиќ

Еспресо

Српската група „Лавина“ со настапот на Евровизија испрати силна порака за борбите што сите ги водиме

Т.Ц.
Се вчитува....