26.8 C
Скопје
15:38 - 29 април, 2024

Ефектите од полната Месечина во Близнаците врз хороскопските знаци (8 декември): За некои – решителност, за други – грешни проценки, внимавајте на ОВИЕ работи!

Полната Месечина во Близнаците на 8 декември (четврток) 2022 година ќе биде уште постресна од вообичаено. Всушност, Месечината ќе биде во спој со Марс, кој е во Близнаци веќе неколку недели. Така, Марс го прави инстинктот на Месечината уште побрз и порешителен, речиси агресивен, а Сонцето во опозиција е подготвено да „избувне“ при најмало надразнување. Затоа, да очекуваме кавги, иако во овој случај ќе бидат потребни и појаснувања.

Овен
Вашите енергии се во опасност да излезат од контрола на оваа полна Месечина. Од вас зависи дали сакате да ги ослободите или да се обидете барем малку да ја задржите контролата.

Бик
Експлозивни комуникации кои се на прагот да преминат во нетрпение и кавги ќе се редот една по друга на денот на полна Месечина, така што ова ќе биде само уште една прилика да им дадете на луѓето до знаење што мислите и како се чувствувате доколку ја искористите позитивно енергијата. Никој нема да може да ве замолчи!

Близнаци
Сигурно ќе ви биде тешко да останете добри во вашата улога: ќе експлодирате, но доколку настапите со аргументи и посмирено, тоа би можело и да ви помогне – да ги остраните сите камчиња од чевлите што сте ги насобрале во текот на изминатата година и кои ви пречат.

Рак
Ќе имате силна потреба да излезете од зоната на удобност и во врските и на работа. Треба да се тестирате колку можете.

Лав
Ниту една полна Месечина нема да може да го згасне ентузијазмот од овие денови во кои конечно се чувствувате како да имате малку одмор. Значи, ако имате нешто да кажете, ќе го кажете и потоа ќе се вратите веднаш во вашата удобна зона.

Девица
Добро е да се обидете да останете смирени, бидејќи на 8 декември ќе имате впечаток дека сте згрешиле и дека треба веднаш да направите пресврт, да донесете дефинитивни одлуки. А нема потреба за тоа. Подобро е в четврток да не носите важни одлуки зашто не се реални.

Вага 
Енергиите се многу силни, но в четврток би можеле да ризикувате некој гаф од гледна точка на надворешните односи. Вашата реномирана дипломатија е „на одмор“. Затоа внимавајте што зборувате, да не испаднете смешни.

Шкорпија
Во овој период во кој ја барате вашата наједноставна сигурност, полната Месечина во Близнаците ќе биде важна за да ги натерате блиските околу вас да сфатат што навистина ви треба, надвор од впечатокот што го оставате.

Стрелец
Тешко на оние кои не се осмелуваат да ги слушаат вашите емоции и чувства. Навистина ќе ви биде многу потребно и важно секој околу вас да му даде простор на она што го мислите.

Јарец
Во последно време имате многу длабоки мисли, а оваа Полна Месечина со Меркур во вашиот знак ќе биде прилика да кажете што мислите за себе. Одлична енергија која поволно може да ја искористите.

Водолија
Периодот е толку убав што оваа полна Месечина во најлош случај ќе биде само минлив тензичен момент. Всушност, можете дури и да ја искористите креативно оваа енергија.

Риби
Ќе биде особено интензивен ден, особено за вашите нерви. Што и да се случи бројте до сто и назад, а пред се одложете ги одлуките за следниот ден.

Бу, полна Месечина во Близнаци, што значи тоа и како да го искористиме најдоброто од неа?

Слични објави

(Видео+фото) Цифрата значително скокнала! На осмиот ден од одењето пешки за Грција Никола Роквиќ објави колку пари се собрани

Еспресо

(Видео) „Ви благодарам што сте дел од мојот живот!“: Каролина го прослави роденденот со сопругот и најблиските

Еспресо

(Фото) Луѓето воодушевени од фустанот на Александра Пријовиќ од Роберто Кавали: Го пронајдовме, во моментот е на намаление

Еспресо

(Фото) Никол Кидман ги покажа ќерките: Убави како мама

еспресо

Уапсен Жерар Депардје! Ќе биде сослушан за наводите за сексуален напад врз две жени

еспресо

Тања Савиќ тајно се омажила со пилотот Муки: „Мојот сопруг е навистина прекрасен…“

еспресо
Се вчитува....