4.8 C
Скопје
08:43 - 24 октомври, 2026

Хари и Меган Маркл ја напаѓаат и Кејт Мидлтон во документарецот: Еве зошто!

Не само мешањето на печатот во нивниот приватен живот, расизмот во кралската палата, и духовите од минатото, принцот Хари и Меган Маркл во нивната документарна серија не ја поштедиле ниту Кејт Мидлтон, барем според она што досега се појавило од вториот трејлер, кој ја потресе британската јавност.

Потсетуваме дека во трејлерот Хари изјави дека сите жени кои влегуваат кралското семејство се несреќни и живеат како затвореници во палатата. А тоа се однесува и на Кејт.

„Документарецот би можел да биде непријатен за Кејт Мидлтон“, коментира инсајдер за Дејли мејл, бидејќи може да се фокусира на раните денови на нејзината приказна со Вилијам.

„Ја имаме Кејт и во двата трејлера“, посочи дописникот на Њузвик Џек Ројстон за „Добро утро Британија, „Во најновиот има слоган, кој е наслов на насловна страница на списание, а во тоа списание имаше слики од Кејт пијана.“ Според Ројстон, кралицата била засрамена од фотографиите на Кејт, кои датираат од периодот во кој Мидлтон сè уште не била во брак со Вилијам, а претпоставува дека токму тие фотографии Меган и Хари ќе ги користат во документарецот за да покажет дека не станува збор за „светица“.

Сепак, тоа не е се. Наводите на војводите од Сасекс против принцезата од Велс би можеле да ја повторат и сега познатата кавга со Меган Маркл во пресрет на венчавката со Хари. Кавгата се случила околу фустанот на малата Шарлот; на Кејт Мидлтон фустанот не ѝ се допаѓаше, а на Маркл – напротив. А потоа дојде последниот удар: Меган ја спореди Шарлот со ќерката на нејзината најдобра пријателка, навредувајќи ја малата принцеза. Дискусијата дегенерирала до солзи, но не се знае точно кој ги испровоцирал солзите. Според Меган (како што ѝ кажа на Опра Винфри) Кејт ја расплакала, за извори блиски до куќата Виндзор – се случило спротивното.

Она што е сигурно е дека што и да се емитува во документарецот против Кејт, сепак ќе биде пристрасно. Досега сите ја слушнаа само верзијата на Хари и Меган, со оглед на тоа дека никогаш немало официјални изјави за ова прашање од Бакингемската палата, но работите би можеле да се променат. Кралот Чарлс III има намера да го отфрли секое обвинение и да преземе важни мерки, додека дел од неговите поданици веќе посакуваат на војводите од Сасекс да им се одземат титулите. Со документарецот, се претпоставува, дека само ќе забрзаат да се стави конечна точка и крај со семејството.

Слични објави

Хороскоп за 24 октомври: Овните ги очекуваат изненадувања, Јарците ќе се посветат на партнерот

Еспресо

„Не треба само да се оди во естетски салони“: Неда Украден откри како ја одржува витката фигура

Еспресо

„Џабе се потоа станови и скапи школарини“: Иван Босиљчиќ и Јелена Томашевиќ не отстапуваат од ова златно правило за ќерката Нина

Е.А.

„Пеење се слуша секоја вечер“: Соседите открија што се случува во луксузниот дом на Милан Станковиќ

Е.А.

(Фото) Големо славење во домот на Анѓелка Прпиќ, честитките пристигнуваат, се огласи и нејзината кума

Еспресо

Калиопи искрено проговори за посебниот однос со Ромео Грил: „Слепо му верувам, со него имаме посебна врска повеќе од 40 години“:

Еспресо
Се вчитува....