23.8 C
Скопје
16:58 - 28 септември, 2026

Астро прогноза за вторник, 4 јули

Овен

Од самото утро ќе бидете одлучни. Затоа, ќе можете да ги реализирате сите ваши идеи денес. Сепак, не грабајте сè одеднаш, подобро е да дадете приоритет на најважното.

Бик

На овој ден можете да најдете хармонија во себе. За да го направите ова, треба малку да се повлечете од метежот и буката, да се осамите, да поминувате време во природа, да се вклучите во духовни практики. Можеби денес конечно ќе се освестите дека премногу сте заглавени во материјалниот свет.

Близнаци

Близнаците ќе бидат отворени за се што е ново. Благодарение на ова, пред вас ќе се отворат нови врати, преку кои можете значително да го подобрите вашиот живот. Ќе имате нови можности за раст и развој, секако и за успех и финасиска стабилност.

Рак

Овој ден ќе сакате да го поминете во кругот на вашите најблиски, бидејќи може да ви недостига семејната топлина и удобност. Можете да приредите изненадување за вашите најблиски роднини, да им угодите и да се наполните со позитивна енергија и вие – а и тие.

Лав

Лавовите ќе се трудат да ги постигнат своите цели по секоја цена. Ќе биде добро се додека не го драматизирате тоа. Подобро е трудољубиво да ја завршите работата и да размислите како можете да ги подобрите своите вештини, отколку вината да ја префрлате на друг.

Девица

Денес Девиците треба да посветат повеќе време на дружење со млади, уште подобро со деца. Комуникацијата со нив ќе ви користи. Не само што ќе се исполните со младешки дух и енергија, туку и ќ сфатите колку сте го запоставиле детето во вас. Играјте си малку во животот, сонувајте, фантазирајте…

Вага

Важно е Вагата да најде компромиси за да не ја доведе ситуацијата до скандали кои можат да настанат на овој ден. Обидете се да бидете пофлексибилни и не влетувајте во конфликти „од прва“.

Шкорпија

Слушајте ја вашата интуиција. Таа нема да ве изневери денес. Во секоја нејасна ситуација, застанете, издишете и размислете.

Стрелец

Стрелците можат да го прошират своето знаење во различни области. Читајте повеќе книги, гледајте добри филмови, запишете се на курс… Денот е совршен за учење.

Јарец

Многу е важно денес Јарците да не ги преземат сите работи одеднаш. Најпрво, направете план на кој најважните работи ќе бидат на прво место. Започнете со нив.

Водолија

Водолиите ќе сакаат да се ослободат од токсичните врски. Не е неопходно тоа да биде пауза со партнерот/ката. Тоа може да биде прекин во односите со пријателите или роднините. Ќе станете само посреќни.

Риби

Рибите треба да одмораат повеќе за да се избегне „прегорување“ од работа, грижи и ангажмани. Одете на краток одмор за да соберете сила и да се инспирирате за нови достигнувања.

Грандиозни почетоци: Два хороскопски знаци ќе имаат огромна среќа во јули

Слични објави

(Видео) Карлеуша и нејзините ќерки се иселуваат од вилата – Ника се огласи доцна во ноќта

Еспресо

(Фото) Мина Блажев во кратко бело фустанче ја прослави веридбата — го покажа и вереничкиот прстен

Еспресо

(Фото) Подгответе се навреме за поладните денови – во бутикот „Капитол“ во ГТЦ ве очекува новата машка есенска колекција

Еспресо

(Фото) Јордан Митев го крсти синот Кристијан на неговиот прв роденден: „Господ секогаш нека биде со тебе“

Еспресо

(Фото) Кој е 25 години помладиот Александар кој сè почесто е со Јелена Карлеуша? Таа тврди дека се само пријатели

Еспресо

Неделен хороскоп од 28 септември до 4 октомври: Секој ден пронајдете пет минути мир само за себе и опуштете се

Т.Ц.
Се вчитува....