21.8 C
Скопје
11:01 - 7 мај, 2024

Астро прогноза за 28 јули, четврток

Овен – До пладнето, овој ден ќе биде многу ангажиран за Овновите. На работното место, може да дојде до одложување на проектот, но тоа е добро за вас, бидејќи денес секој проект може да биде ризичен. На љубовен план, прифатете компромис ако сте во врска, понекогаш морате да се откажете од нешто за да создадете хармонија. Сепак, направете нешто што ќе ја стимулира имагинацијата на партнерот. За оние кои се сами, поголеми настани во љубовта од денес па натаму, до средината на август, ќе почнат да доаѓаат, бидете внимателни во изборот!

Бик – ова ќе биде веројатно многу нормален ден за вас. На работа, повеќето Бикови ќе се соочат со нов тип на проблем, задача или ситуација. Трновит е патот до успехот. Во љубовта, ќе почувствувате „пауза“ која ќе ве натера да се смирите. Оние кои се сами пак, ќе се чувствуваат уморно од чекање на љубовта. Верувајте во препораките на вашиот пријател: правете помалку важни работи денес, оставајќи ги оние со одредена важност за друг датум.

Близнаци – Четвртокот е добредојден за работи поврзани со љубовта. Од денес, во љубовта, полека но сигурно, ѕвездите го најавуваат доаѓањето на нешто „посебно“, не толку за оние кои се во парови, но особено за оние кои се уште не се. Во работата, во меѓувреме, некој ќе мора да се соочи со мала загатка за да одлучи: да започнете нова активност или не? Тоа е ваш личен избор, а ѕвездите ве потсетуваат: Кој го напушта стариот пат и поаѓа по нов, знае што остава, а не знае што ќе најде!

Рак – Денот ќе биде прилично добар за вас, речиси во сè. „Речиси” е тука задолжителен збор, бидејќи периодот нема да биде ослободен од спорадични проблеми, исто така, и од предизвици тие да се решат. На работа, дојде време да се излезе од „шаблонот“ зашто во спортивно, ќе се соочите со ситуации во кои нема лесно да бидете толерирани. Што се однесува до астролошкото небо во четвртокот, ѕвездите ве советуваат да не ја предизвикувате љубовта. Вечерва ве очекуваат романтични мигови со саканото лице. За слободните – еден флерт може да се роди.

Лав – Сонцето, Меркур и Венера ќе можат да ви обезбедат позитивност уште некое време. На работа, по премногу задоволителниот период, може да се чувствувате уморни и депресивни. Вашите проекти може да бидат попречени, но не се откажувајте, подоцна ќе најдете добро решение. Во љубовта, може да бидете присилени да донесете одлука, а тоа ќе биде малку горчливо чувство за вас. Ако не сте задоволни, отсечете ги оние „мостови” кои не ви носат среќа, туку само немир и гнев. Оние кои се сами, ќе пронајдат привлечност во некој од своите пријатели.

Девица – Четвртокот нема да биде премногу тежок ден за вас и ќе се справите со него, со исклучок на некои моменти малку поделикатни на кои ќе мора да обрнете внимание. На работа, позитивен ден во кој ќе почувствувате обновувачки здив. Обидете се малку да ја разбранувате „водата“ околу вас, особено ако не сте задоволни со вашата моментална позиција. Ѕвездите сметаат дека нешто добро може да произлезе од тоа. Во љубовта, ја имате неоспорната поддршка на Месечината, со се што следува. Новини и промени наскоро за осамените, кои со нивниот шарм денес ќе привлечат многу лица.

Вага – Четвртокот не ветува многу за вас Вагите. На работа, зборот умереност ќе биде победнички збор. На љубовен план, советот од ѕвездите е да живеете во сегашноста без страв, иако веројатно ќе ви биде тешко да се чувствувате добро во друштво на партнерот. Сепак, обидете се да ги разгледате работите што ве прават среќни, игнорирајќи ги различните можни проблеми со партнерот. Оние кои се сами, ќе мора уште малку да се преиспитваат, да расчистат со минатото и да откријат што навистина сега сакаат.

Шкорпија – Четвртокот за вас ќе започне со оценката незадоволителен, но нема да остане таков до крајот на денот. Речиси сигурно, на крајот од денот ќе имате поитензивна поддршка од ѕвездите. На работното место, строго да ги избегнувате брзите одлуки, размислете добро пред да преземете нешто. Нервозноста и немирноста ќе бидат цел на денот, особено ако имате тешкотии во исполнувањето на вашите обврски. Во љубовта, слободно препуштете се на вашата имагинација! Ако чекате добра можност за промена на некои правила во врската, моменталните околности се негативни. Од друга страна, оние кои се сами би можеле да искусат нови емоции со фасцинантните Риби, па време е за освојувања!

Стрелец – Пред вас е голем ден, кој може да им ја врати насмевката на некои од вас, која, за некое време, ја загубија. Во работата, според она што го изразуваат ѕвездите во хороскопот за денес , може да има добри можности за оние кои бараат вработување или сакаат да ги променат работните места. Всушност, работата ќе биде фокусот на денот. Во љубовта, ќе почуствувате конечно здив на свеж воздух, денес ќе бидете во можност да ја пронајдете вистинската рамнотежа ако сте во пар. Нов пад во љубовта може да очекуваат само оние кои се сами, но, на кои набрзо, пресврти и молњи нема да им недостигаат.

Јарец – Родените во знакот на Јарец се топ знак на денот. Денес, утре и задутре ќе имате исклучителни денови во љубовта и емоциите. Препуштете се на убавите моменти, без разлика дали сте во врска или сте сами. Оние кои се сами, во овие три дена пред нив имаат големи шанси да запознаат важна личност. На работното место, насочите ја својата енергија на парите со цел зголемување на приходите и рационализирање на трошоците. Истотака, ова е време за да барате максимум од работното место со минимален вложен труд.

Водолија – Подобар ден од двата дена кои претходно поминаа, средата и вторникот, но сепак ѕвездите го оценуваат како превентивно -негативен ден. Закрепнувањето, всушност, не започнува од денес, туку од следната недела, но прво да видиме што ѕвездите подготвија за вас овој четврток. На работното место, ќе се обидете да најдете некое паметно решение кое би можело да ве врати на вистинскиот пат. Оние пак, кои имаат приватен бизнис, треба да се воздржат од инвестиции. На сентименталното поле, ќе бидете сведоци на бавно, но решително подобрување на некои ситуации. За осамените, следува поволен период.

Риби– Средината на работната недела за Рибите, ќе биде со благ пад во сите сфери, веројатно предизвикувајќи да се чувствувате со мала внатрешна слабост. На работното место би требале да дојдете до некои одговори или предлози, па проценете ги дали се добри. Но, затоа денес имате најдобри услови за да ја планирате својата иднина. На сентиментален план, раните утрински часови би можеле да им донесат банални кавги на оние кои се во пар. Сепак, Сонцето е на ваша страна и „работи“ во ваша полза, но исто така и Меркур кој ќе ја стимулира вашата имагинација и подоцна, во текот на денот, ќе ви даде многу убави мигови поминати со вашиот партнер. Оние кои се сами денес ќе имаат можност да направат нешто што е поврзано со нивните страсти и тоа ќе ги направи задоволни.

Слични објави

Ведрана Рудан за борбата со ракот: „Не сакам да умирам на рати“

еспресо

Северина: Порно филмот ми го одбележа почетокот на триесеттите, најлошо ми беше како ќе реагираат моите соученици

Еспресо

(Фото) Марко Новески позира со близначињата: „Мојата дупла среќичка“ 

еспресо

(Видео) „Не знам дали е шок за телото, но…“: Никола Роквиќ едвај дише, но не се откажува од патот до Грција

jasmina.kantardzieva

(Фото) Брена позира на луксузна јахта вредна неколку милиони: Им пркоси на годините

еспресо

Организаторите на Евровизија: Исклучувањето на Израел би било политичка одлука

еспресо
Се вчитува....