12.8 C
Скопје
06:42 - 17 мај, 2024

Астро прогноза за 14 јули, четврток

Овен

Ден кој носи прилично иновативна сила што ќе ви овозможи да се справите со речиси сè. Според предвидувањата пред вас е ден полн со љубов, со исклучително разбирање со околината и семејството. Слободните Овни конечно ќе треба да се осмелат и да си го отворат срцето, без оправдувања дека не се подготвени за нови тешки приказни. Во работата, соработките преземени во професионалната област ќе почнат да ги даваат првите задоволителни резултати: пристигнуваат заслужените плодови за досегашната работа.

Бик

Добар ден за конечно да ги преземете работите во свои раце, спремни да се справите со сите ситуации, а не само да се жалите и да чекате помошта да стигне од најблиските. Во љубовта, ова е период кога треба да ги изразите своите чувства на најдобар начин, па така конечно, да бидете среќни со вашиот партнер. Отстранете ја својата тврдоглавост, сè ќе биде во ред. Слободните, се уште не сакаат барем за момент да се вклучат во сентименталниот ритам. На работното место ќе имате одлични идеи: ставете ги во акција без страв, вашиот претпоставен ќе биде многу задоволен.

Близнаци

Ќе имате (конечно!) позитивен пресврт во вашиот живот. Очекувате вести? Конечно ќе пристигнат и ќе ве израдуваат. Во љубовта, ѕвездите ќе ви помогнат да најдете решенија и да ја зголемите довербата и ентузијазмот. Со овие „подароци“ на располагање, ќе почувствувате олеснување и секако подобрување на емотивната врска. Слободните Близнаци, конечно ќе тргнат напред со нови приказни и, ако сакате, ќе бидете подготвени да започнете нова врска: размислете за тоа што сте направиле погрешно во минатото и не ја повторувајте повторно грешката. Во работата, наскоро ќе добиете добра вест: по толку многу мака, конечно, ќе започнете со позитивни проекти.

Рак

Ќе се чувствувате ангажирани и подготвени да се вратите во играта. Дневните предвидувања во љубовта, со оглед на прекрасната астрална карта, ве уверуваат дека имате одлична врска: можеби е време да почнете да размислувате (и зборувате) за формализирање на врската или за проширување на семејството. Ако е така бидете одлучни и искрени со партнерот! Осамените Ракови време е да почнат малку да се забавуваат – не мора од секоја љубовна приказна да очекувате „брда и долини“, важно е да не се затворате во својот ранлив свет. На работното место ве чека напорен период, а амбициите се повеќе ќе ви растат. Не се исклучени добри шанси за унапредување.

Лав

Навистина одличен крај на работната недела, кралски. Искористете го поволниот период во љубовта да дадете убав поттик за отворање на некои сентиментални прашања, Месечината е на ваша страна и несебично ве поддржува! Денот, а секако и ѕвездите, ќе ве награди со толку многу шарм што позитивните ситуации сами ќе ги привлекувате. Ете добра шанса за осамените Лавови да привлечат други осамени срца. На работното место, ништо нема да може да ви се спротистави. Секако, контролирајте ја вашата „лавовска“ желба да управувате со секого и со се, а добро е и да почнете да прифаќате по некој совет.

Девица

Вие сте меѓу милениците на ѕвездите во овој период, ќе се чувствувате преродени и подготвени за нови проекти. Хороскопот ве советува во љубовта да не ја менувате актуелната ситуација, да не правите погрешни чекори за кои набрзо ќе зажалите. Оние кои се во врска, радувајте се за големата љубов што ја доживувате и не барајте и маани. Слободните Девици ќе почувствуваат голема желба повторно да се обидат во врска, но изгледа дека овојпат и ќе успеат. На работа, конечно ќе дојде на вас редот, подготвени сте за нешто посериозно?

Вага

Прилично нормален ден, проценет во предвидувањата како ден во кој (повторно) ќе жонглирате низ секојдневието. Денот ќе почне позитивно и со добра енергија која треба да се искористи особено во работата. Но веќе попладне, ќе почувствувате пад на енергијата и тоа во емотивниот живот, па дури и со отсуство на концентрација. Немојте да се обесхрабрувате или да си дозволите да ве надвадејат чудни или лоши расположенија. Во работата, се отвора посветол период: оние кои се во приватниот сектор можат да очекуваат добар нов договор. Во секој случај конечно ќе се подобри вашата економска ситуација.

Шкорпија 

Ѕвездите ви ја даваат поддршката, па обидете се да не го „преспиете“ убавиот период. Особено предизвикувачки период на работното место доаѓа од средината на работната недела, кога ќе имате голема енергија и лесно ќе остварувате што и да посакате. Сепак, обидете се да не бидете премногу директни во пристапите и да не предизвикувате љубомора кај колегите. Во меѓувреме, денот искористете на емотивно поле, доколку имате проблеми во врската, зашто тука ја добивате целата поддршка од астралното небо. Осамените Шкорпии конечно ќе си ги стоплат срцата – може да бидат фасцинирани од „специјална” личност.

Стрелец

Месечината е во лоша поставеност па над вас ќе ја чувствувате како меч кој може да ве казни за секоја мала грешка. Во љубовта, хороскопот ве советува да го корегирате односот со партнерот, и конечно да го покажете тоа „прекрасно парче карактер” што го поседувате. Ќе видите дека позитивно ќе ви биде возвратено. Слободните Стрелци, малку се заглавени во минатото, па добро е да почнат да гледаат напред, кон иднината. Лице што го запознавте неодамна може да ве изненади до голем предлог! Сигурно неочекувано, но многу интересно. На работа, не превземајте големи обврски зашто овој понеделник тешко дека нешто ќе можете да реализирате.

Јарец

Според предвидувањата на денот, ѕвездите препорачуваат да не ја изгубите контролата во сентименталното поле: ситуацијата сериозно може да ескалира. Стресот исто така може да биде причина за мали здравствени проблеми. Ако сте синглови, некои од вас, секако, нема да ја пропуштат можноста за убава авантура во која ќе се впуштат без да очекуваат многу.  Во меѓувреме, во работата, периодот е прилично тежок, со непредвидливи паузи и пад на енергијата. Внимавајте од задкулисни игри на некој колега или близок пријател. Во секој случај, не е вистинскиот ден за ризикување, за почнување на прокети и потпишување на договори.

Водолија 

Класичен период погоден за вршење на рутински работи, но апсолутно да не се преземаат поголеми проекти од било кој вид. Во љубовта, ќе бидете активни и доста ангажирани, под услов да не притискате премногу на педалот за гас. Често, екстремната желба нешто со сила да се направи е бескорисна и непотребна, особено во однос на енергијата. Од друга страна, многу позитивни ситуации би можеле да се случат на осамените Водолии. На работното место, дискутабилен ден кој бара вклучување на интелигенцијата. Обидете се да се релаксирате во вечерните часови, благодарение на самопочитта и смислата за хумор, ќе можете да ги смирите дури и “тешките” ситуации. Што се однесува до паричните средства, позитивни знаци се навестуваат.

Риби

Ѕвездите изгледа дека малку ви го завртеја грбот. Периодот ќе донесе многу тешкотии во љубовта: тешко дека ќе можете да ги вклучите вистинските луѓе, кои би можеле да ви помогнат или да ве советуваат во обидот да ја надминете прилично сложената ситуација. За слободните Риби, некое лице конечно може да дојде во нивниот живот, но и да донесе моменти на „чиста еуфорија”. На работното место, смирете го карактерот зашто во комбинација со импулсивност, може да уништите добри работи. Секако, избегнувајте да правите „ментална тортура”, гледајќи илјадници проблеми, кои главно се замислени. Препорака од ѕвездите е да се релаксирате, да си дадете убаво време само за себе и да се „фрлите“ на спортување овој викенд.

Слични објави

Астропрогноза за четврток, 16 мај: Неочекувани средби за овните, пријатни изненадувања за стрелците

еспресо

Астропрогноза за среда, 15 мај: Одлична понуда за лавовите, пари за биковите

еспресо

Конфликтите се неизбежни: Кои со кои хороскопски знаци никогаш нема да се разберат!

еспресо

Астропрогноза за вторник, 14 мај: Дожд од пари за овенот, непријатни вести за стрелецот

еспресо

Главните комплекси на мажите според хороскопските знаци: Еве што ужасно ги измачува

еспресо

Астропрогноза за понеделник, 13 мај: Неочекувани можности за Овните, успешен ден за Лавовите

еспресо
Се вчитува....