17:15 - 13 септември, 2026

(ФОТО) РАЈОТ ИМА РОЗОВА И ЦИКЛАМА НИЈАНСА: Цветната дама од Оптичари – Снежана Даскаловска

Госпоѓа Снежана Даскаловска е дипломиран економист, има светководствено биро во Битола и активно работи веќе цели 27 години. Останатиот дел од денот го минува посветувајќи им се на нејзините преубави цвеќиња и растенија и секако, уживајќи во прекрасното дворче.

фото – приватна архива

-Цвеќињата, мојата голема љубов, ги сакам откако знам за себе, вели Снежана и ни објаснува дека оваа љубов ја наследила од мајка ѝ, која исто така, многу сакала цвеќиња. 

Нејзиното дворче е нејзин рај. И главна за уредување на дворот е таа самата, а ѝ помагаат ќерката и сопругот за косење на тревата.

Дворот се протега на околу 200 квадратни метри, а се наоѓа во населбата Оптичари во општина Битола.

– Мојот двор е расцветан од март до декември, додека падне снег, вели Снежана.

Оваа извонредна „цвеќарка“ има повеќе од 50-на различни видови на цвеќе.

-Најмногу имам јалдзи, петунии, сардели, хризантеми…, весело ни раскажува. 

Инаку, за дворот да изгледа овака како што изгледа, како од бајка, односно за убавината без која не може Снежана, таа во просек дневно му посветува по еден час.

-Пред да одам на работа и кога се враќам, задолжително правам обиколка на сите цвеќиња, додава Снежана.

Сите цвеќиња ѝ се омилени, не може да издвои ниедно од другите, сите си ги сака подеднакво, ама затоа има омилена боја на цвеќе а тоа се нијансите на розово и циклама.

В зиме, повеќегодишните цвеќиња што надвор може да замрзнат, ги внесува дома, во салонот, по скалите, на прозорците, а оние што не мрзнат си остануваат во дворот.

-Секој што има желба и љубов за цвеќиња, веднаш да почне да одгледува, зашто тие се терапија за душата и рај за очите. Им препорачувам на почетниците да започнат со одгледување на цвеќиња кои се поотпорни на сонце и полесно прилагодливи на временските ускови, вели нашата цветна дама.

Во продолжение ви носиме фотогалерија од дел од раскошот на дворот на нашата денешна соговорничка.

Веруваме дека ќе ви го разубавиме денот и ќе ви донесеме миризба која не се заборава. 

Инаку, Снежана е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО… група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

„Оди на психолог за одвикнување“: Синот на српската актерка играл видеоигри по осум часа дневно

Еспресо

(Фото) Јелена Спенџарска ужива во Бодрум — позира во бикини и порача дека патувањата ѝ носат „нова перспектива“

Еспресо

Тајната романса на Наташа Беквалац разоткриена? Соседите открија детали: „Скокна од столчето како попарена“

Еспресо

(Фото) Живкица е „магнет“ за ѕвезди: По Роби Вилијамс, се фотографираше и со Новак Ѓоковиќ

Еспресо

Хороскоп за 13 септември: Близнаците ги очекуваат нови познанства, Јарците заслужено ќе одморат

Еспресо

Хаос во семејниот дом на Адам Адактар — позната сосетка од Чачак откри што се случувало во нивното минато

Е.А.
Се вчитува....