05:09 - 28 ноември, 2026

ВО ПРОДАЖБА БИЛЕТИТЕ ЗА ЈУБИЛЕЈНИОТ 20. ОФФ-ФЕСТ: Ќе се одржи од 9.до 13. ноември

Влезниците за јубилејното 20. издание на традиционалниот ОФФ-Фест, што годинава ќе се одржи од 9 до 13 ноември, се веќе достапни (во строго ограничен број) на билетарницата на НОБ и на mktickets.mk. Фестивалот годинава е сочинет од 5 концертни настапи и еден документарен филм.

ОФФ-Фест 2021 ќе го отвори, на 9 ноември (вторник), извонредното португалско/шпанско дуо Lina_Raül Refree, коешто испорачува осовремено и надградено фадо, музика што ги надминува географските одредници. Сеќавањата на големата португалска пејачка легенда Amália Rodrigues (1920-1999) ќе бидат освежени, не само со овој концерт, туку и со проекцијата на документарниот филм „The Art of Amalia”, посветен на култната кралица на фадото. Мистичниот минимализам, имагинарниот фолк и нескротливата музичка фантазија и вештина на словенечкото трио Širom, во комбинација со апокалиптичната самба на извонредниот гитарист/композитор и воедно еден од најзначајните експоненти на современата бразилска музика Kiko Dinucci, ветуваат, на 11 ноември (четврток), исклучително концертно доживување од највисок ранг. Конечно, на 13 ноември (сабота), величествената моќ на еден од најинвентивните и најоригиналните африкански автори Blick Bassy (Камерун / Франција) ќе ја пресретне неодоливиот шарм, визија и поезија на нашиот Pijan Slavej, новиот проект на Бранислав Николов – фронтменот на Фолтин. Сите концерти на годинешниоте ОФФ-Фест ќе бидат одржани во Националната опера и балет.

 

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....