14.8 C
Скопје
15:00 - 17 март, 2026

ВО МАКЕДОНИЈА, КАКО ВО ФРАНЦИЈА: Супа од кромид – Основата на класичната француска кујна

Кромидот е популарен уште од античко грчко и римско време кога се верувало дека има опоравувачки моќи. Тој бил користен во голем број различни рецепти и се јадел варен, печен или пржен, но никогаш суров, бидејќи се мислело дека суровиот кромид може да предизвика главоболки.

ВО МАКЕДОНИЈА, КАКО ВО ИТАЛИЈА: „Минестроне“ – супа, ама всушност историја

Иако супа од кромид се јаде од 17 век, таа стекна огромна популарност во 1960-тите кога традиционалната француска кујна беше воведена во САД, благодарение на Џулија Чајлд.

Раните англиски и американски колонијални рецепти за супа од кромид потекнуваат од средновековниот француски „sop“, рустикална супа од кромид во која се натопува леб и се јаде со парче леб. Постојат две оригинални верзии на оваа француска супа до денес – Париска и Лионска. Париската супа од кромид користи комбинација од зеленчук, говедски или пилешки бујон и вино или коњак, додека Лионската верзија користи Мадеира вино или порт без бујон. Меѓутоа, денес, повеќето рецепти бараат употреба на бујон, бидејќи додава многу вкус на супата. Една популарна легенда, исто така, сугерира дека првата супа од кромид била создадена од кралот Луј XV за време на ловечко патување, кога сè што можел да најде во својата викендичка биле кромид, путер и шампањ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cecile Vadas (@cecilevadas)

Потребни состојки:

– 250 гр кромид
– 25 гр брашно
– 2 л бујон
– леб, исечен и исушен
– путер, за пржење

МЕТОД:

(Париска верзија)

Исечете го ситно кромидот, потоа пржете го во путер додека не омекне, но да остане проѕирен. Кога е скоро испржен, посипете со брашно и промешајте неколку пати да се соедини. Истурете го бујонот, а потоа варете 25 минути. Ставете исушено парче леб во секоја чинија или сад доволно голем за да го собере, а потоа прелијте со супата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Justine (@justinenola)

Забелешка: Оваа супа има гратинирана верзија, во која откако ќе се сервира во огноотпорен сад се става во рерна и се наросува со сирење. Ако правите гратирана верзија на оваа супа, одберете или Грујер или Комте(слично на Бри). Ементал е исто така добра опција. Посипете го ренданото сирење врз готовата супа, но ако сакате уште повеќе сирење, премачкајте ги и парчињата леб.

ВО МАКЕДОНИЈА, КАКО ВО ТОСКАНА: „Риболита“ – рецепт за супа со леб кој се пренесува со генерации

Слични објави

(Фото) Ќерката на Наташа Беквалац полни 19 години, пејачката објави: „Мојата прва, најголема љубов“

Еспресо

Едита за односот со таткото на нејзиното дете: „И двајцата знаевме каде води нашата врска, сега внимавам двојно повеќе“

Еспресо

(Фото) Водителката Ведрана како разголен модел, изгледа многу секси

apostolova

Првата сопруга на Горан Ратковиќ Рале откри детали за неговите афери и врската со Индира Радиќ

Еспресо

Слаткар се стопи, раперот здраво живее и многу ослабе

msp-admin

(Фото) Коки Јанков како градежник: Од темели до кров

msp-admin
Се вчитува....