14:12 - 3 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Жешко, пожешко, најжешко, изгор… еве кога!

– До крајот на денов, како и во текот на следните денови, нашата територија ќе продолжи да биде под влијание на ТОПЛОТНИОТ бран од југ кој ќе условува натпросечно високи температури на воздухот, вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека од петок ветерот ќе го промени својот правец во западен и југозападен, и особено во западната половина од државава ќе биде ЗАСИЛЕН на интензитет.

Температурите, како минималните (утринските), така и максималните дневни, ќе продолжат да растат и минималните до крајот на оваа работна недела ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 17 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени.

УВ ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има умерено висока вредност, и ќе изнесува коефициент (6).

Сепак, според Попоски, услови за локална нестабилност, со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи ќе има за време на викендот кој доаѓа (но и тоа нема да ја намали настанатата суша во Македонија), затоа што нема да биде ништо особено, барем така говорат моменталните анализи). Состојбата се следи!

Во Скопје и околината за време на овој топлотен бран , температурите ќе се искачат до околу 33 степени, а времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, додека од петок, па за време на викенот ветерот ќе го промени својот правец во западен и југозападен, и повремено ќе засилува на интензитет. За време на викендот ќе има услови и за краткотраен локален дожд и ретки грмежи.

Слични објави

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо
Се вчитува....