9.8 C
Скопје
21:47 - 17 март, 2026

(РЕЦЕПТ)ВО МАКЕДОНИЈА, КАКО ВО УКРАИНА: Пилешко Киев или синоним за декаденција

пилешко киев рецепт

Нашироко се дискутира за потеклото на популарниот рецепт за пилешко Киев, и очигледно е поврзан со главниот град на Украина-Киев. Сепак, според рускиот историчар и гастроном Вилијам Покљобкин, рецептот би можел да потекнува од трговски клуб во Москва и Санкт Петербург. На почетокот на 20 век, ова јадење се викало котлет Ново-Михајловски. За време на советската ера, се викало котлета по-киевски, буквално котлет во киевски стил, кој во иднина ќе стане пилешко Киев.

(РЕЦЕПТ)ВО МАКЕДОНИЈА КАКО ВО ХРВАТСКА: Рударска греблица – Питата која од работнично јадење стана легенда

Потребни состојки:

  • 2 пилешки гради
  • 6 лажици путер – мек!
  • 2 чешниња лук, сецкани
  • 1 цело каранфилче, издробено
  • 3 лажици ситно сецкан копар
  • 4 лажици многу ситно сецкан магдонос
  • 3 јајца, изматени
  • 1 ½ чаша брашно
  • 2 ½ чаши презла
  • Сол
  • Бибер
  • Чили во прав
  • Масло (за пржење)

Подготовка:

– Во сад додадете ги путерот, копарот, магдоносот, каранфилчето и лукот. Зачинете со сол, бибер и додадете прстофат чили во прав. Добро измешајте со вилушка. Потоа завиткајте ја оваа смеса во кеса за замрзнување и дајте ѝ облик на цилиндар долг околу 10 до 12 сантиметри. Ставете го овој цилиндар во замрзнувач 1 час.

– Темелно исчистете го пилешкото. Од две гради излегуваат 2 големи и 2 мали посебни парчиња. Извлечете ги филетите од пилешки гради по должина. Помеѓу два листа пластична фолија, чукајте ги 4-те парчиња пилешко со мазната страна на чеканчето и израмнете ги до 5 до 6 мм. Зачинете со сол и бибер.

– Извадете го путерот од замрзнувачот и исечете го на 2 парчиња со еднаква должина. Ставете го путерот во центарот на секое парче филе и добро завиткајте го давајќи му долгнавеста форма. Ставете ги рамно двете поголеми парчиња филети и ставете ги помалите парчиња полнети со путер во центарот. Цврсто завиткајте во елипсовидна форма. Површината треба да биде многу мазна. Ставете ги во замрзнувач 30 минути.

– Загрејте големо количество масло во длабока тава. Во меѓувреме, извадете ги филетите од замрзнувачот и секое прво валкајте го во брашното, па во изматеното јајце и на крајот во презлата. Секое филе валкајте го по втор пат во јајцето, а потоа во презлата.

– Филетите потопете ги во врело масло и пржете ги од двете страни по неколку минути додека не добијат убава кора и златна боја. Ставете во сад за печење. За време на пржењето, загрејте ја рерната на 200°C. Пржените филети печете ги 15 до 25 минути, во зависност од дебелината на пилешкото. Послужете со пире од компири.

Добар апетит!

(РЕЦЕПТ) ВО МАКЕДОНИЈА, КАКО ВО ИТАЛИЈА: Салтимбока – експлозија од вкусови кои „скокаат“ во уста!

Слични објави

„Никој не сакаше да му купи карта за концерт“: Каќа Живковиќ го „исплука“ Тони Цетински

Еспресо

Ова била одлуката на судот! Ана Николиќ објави нови докази за разводот на Рале и неговата прва сопруга: Еве што се случи со имотот

Еспресо

Каде за продолжениот викенд? Ако немате идеја, ѕвездите имаат совет за секој хороскопски знак

Еспресо

Емотивна исповед на Азис кој откри неверојатни детали од детството: Роден во затвор, а првото име му било Станислав

С.П.

Кога се сврте, проработе фантазијата – дали Маја носи нешто под фустанот?

Еспресо

(Фото) Приклучена на апарати: На познатата пејачка Диди Џеј ѝ се влоши здравјето, има проблеми со срцето

Еспресо
Се вчитува....