15:05 - 6 април, 2026

(РЕЦЕПТ)МАРТИНА НИ НАПРАВИ КУГЛОФ СО ЈАБОЛКА: Есенска класика која е совршено друштво за чаша кафе или чај!

Нашиот тим започна соработка со една посебна, прекрасна мајсторка во кујна – Мартина Трајаноска.

Шармантната Мартина стои зад превкусните рецепти пласирани на инстаграм-профилот (martinascooking).

Готви од мали нозе, а со текот на годините и искуството научила дека најважна состојка во секое јадење е – љубовта. Денес Мартина ни направи куглоф со јаболка.

Потребни состојки:

  • 3 јајца
  • 150 мл масло
  • 250 мл млеко
  • 300-350 гр шеќер
  • 350-400 гр брашно
  • 1/2 певицо, ванила
  • рендани јаболка
  • какао

 

View this post on Instagram

 

A post shared by martinascooking (@martinascookingg)

Подготовка:

За кугловот изматете ги јајцата со шеќерот и додадете ги прво течните состојки, па сувите. Смесата можете целосно дс ја оставите вака како што е до тука, но јас обожавам кога додавам рендани јаболка(2-3), па кугловот е уште по мек и сочен. Пола од смесата префрлете ја во намрсен и набрашнет плех, а во другата половина додадете неколку лажици какао, па распоредете ја врз првиот дел. Печете го кугловот во загреана рерна на 180 С околу 30-40 минути(проверете со чачкалица), па оставете убаво да се излади пред да го послужите, потоа може да го искомбинирате со омилениот крем, прелив, овошје и додатоци по желба

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ ПОСЕН ЛИМОН КОЛАЧ: Вкусен колач за со шолја кафе или чај

Слични објави

Почината познатата хрватска актерка Марија Крпан, ја паметиме по улогата во „Изборот на Лара“

Еспресо

(Фото) Ѝ се исполни желбата на мајката на Спенџарска, Лила е заслужна

msp-admin

(Фото) Сања Николиќ во необично издание, Слаткар ја „улови“

msp-admin

Азис повторно е сингл? Мистериозното исчезнување на „американскиот хирург“ ги подгреа сомнежите дека бракот бил навистина лажен

E.A.

Мелани Тарчуловска: Татко ми го тераше дечко ми да ја чисти валканата гаража без ракавици

msp-admin

„Бебето личи на неа“: Кумот на Милица Тодоровиќ проговори за пејачката, откри кога ќе се врати на сцената

Еспресо
Се вчитува....