17:33 - 4 ноември, 2026

(Видео) „Да полудам“, нов хит на „Браво бенд“

Со повеќе од две децении активна музичка кариера, Браво Бенд повторно ја потврдува својата позиција на домашната сцена, претставувајќи ја најновата песна „Да не полудам“ – издание кое уште од самиот старт го привлекува вниманието на публиката и музичката јавност.

Само еден час по премиерата на нивниот официјален јутјуб канал, песната има голем број прегледи, коментари и споделувања, проследени со позитивни оценки од колеги и обожаватели.

Музиката и текстот ги потпишува Кире Денов, додека аранжманот, миксот и мастерингот се дело на Дејан Георгиевски . Дополнителна емоционална димензија на композицијата и дава  Андријана Јаневска како  придружен вокал. В

изуелната приказна, која ја заокружува целокупната продукција, е резултат на соработката помеѓу Кире Денов, Стефан Џокановски и Ѓорѓи Вацев, кои беа задолжени  за режијата, камера, монтажа и комјутерската графика, создавајќи модерен и впечатлив видео запис. Во актуелниот состав, на Браво Бенд членуваат искусни и академски музичари како   Кире Денов (вокал/бас), Дејан Младеновски (тапани), Мирослав Милковски (клавијатури/вокал), Александар Трајанов (гитара) и Драган Младеноски (труба) – состав кој континуирано испорачува препознатлив звук и високо продукциско ниво. Со новата песна „Да не полудам“, Браво Бенд не нуди само нова песна, туку и уште едно силно музичко поглавје кое веќе најавува дека ќе го одбележи периодот што следува.  Публиката, која верно ги следи низ годините, од денеска  добива песна што лесно се памети, се пее и се доживува.

Слични објави

Милиќ Вукашиновиќ за загубата на ќерката и ампутацијата: „Секогаш кога ќе заѕвонеше телефонот, бев подготвен за најлошото“

E.A.

(Фото) Катиа Донева ќе ја претставува Македонија на Мис Универзум 2026 — македонската Барби ќе блесне на светската сцена

К.С.

Миша Гроф ги демантира обвинувањата на Николина Пишек: „Видое не ја тепаше, по пет години зборува така поради новиот вереник“

E.A.

(Фото) Роденденската прослава продолжи – познатата босанска инфлуенсерка направи журка во Токио за 42. роденден

Еспресо

Оливер Мандиќ изградил рај на Тара, 4 луксузни куќи од 450 квадратни метри и мост – империја вредна милиони

Еспресо

Викторија Лоба: Многу сум емотивна и ранлива, а некои мислат дека сум арогантна и недопирлива

Еспресо
Се вчитува....