08:01 - 13 ноември, 2026

НОВ РЕКОРД: Автопортрет на Фрида Кало продаден на аукција за 34,9 милиони долари, највисока цена за дело на уметник од Латинска Америка!

фрида кало

Сликата на мексиканската уметница Фрида Кало е продадена на аукција во Њујорк за рекордни 34,9 милиони долари. Имено, тоа е највисоката цена платена за дело на латиноамерикански уметник, пренесува „New York Times“.

Претходниот рекорд го држеше Диего Ривера, со кого Кало беше во повеќедецениска турбулентна љубовна врска. Неговата слика беше продадена во 2018 година за 9,76 милиони.

фрида кало
Фото: EPA-EFE/JASON SZENES

„Диего и јас“ е еден од познатите автопортрети на мексиканската сликарка. Сликата ја прикажува расплаканата Фрида со нејзиниот сопруг Диего насликан над нејзините очи. Автопортретот е еден од нејзините подоцнежни дела, создаден кога Кало дознала дека нејзиниот сопруг ја изневерил со нејзината сестра.

Аукциската куќа „Sotheby’s“ ја претстави сликата како „едно од најважните дела на Фрида Кало што
некогаш се појавиле на аукција.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Купувачот е Едуардо Ф. Константини, кој има музеј во Аргентина, пишува „New York Times“. Оваа слика последен пат е продадена на аукција во 1990 година за 1,4 милиони долари.

фрида кало
Фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Фрида Кало важи за една од најголемите уметници на 20 век и е позната по своите автопортрети преку кои гласно зборува за својата болка, својот живот, односот кон телото по детската парализа и сообраќајната несреќа.

Слични објави

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо

(Фото) „Ти недостасува внимание, мајсторе?“: Мина Костиќ жестоко му одговори на Ѓорѓе Давид откако тој го нарече Каспер дух!

Еспресо
Се вчитува....