01:33 - 7 април, 2026

РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ ПАВЛОВА: Одличен десерт за во сабота!

Нашиот тим започна соработка со една посебна, прекрасна мајсторка во кујна – Мартина Трајаноска.

Шармантната Мартина стои зад превкусните рецепти пласирани на инстаграм-профилот (martinascooking).

Готви од мали нозе, а со текот на годините и искуството научила дека најважна состојка во секое јадење е – љубовта.

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ ДОМАШНА НУТЕЛА: Посна, мрсна, со цимет или без – Сами одлучувате!

Потребни состојки:

  • 4 белки од јајца
  • 200 гр шеќер
  • 2 лажици сок од лимон
  • слатка павлака
  • овошје

 

View this post on Instagram

 

A post shared by martinascooking (@martinascookingg)

Подготовка:

Изделете ги само белките од јајцата и матете ги со миксер. Трик за подобро да ви се изматат е прстофат сол. Откако ќе добиете пена додадете го целиот шеќер и повторно матете дури не добиете убава сјајна шампа. Додадете сок од лимон и јас додадов 2 лажици густин кои мислам дека и не се потребни затоа што ми се направија како 3-4 грутчиња. Целата смеса префрлете ја на хартија за печење на плех во форма по избор. Печете ја во загреана рерна на 130 С околу 1 час, па исклучете ја рерната и оставете ја тортата внатре најмалку 4 часа. Кога целосно ќе се излади, премачкајте ја со изматена слатка павлака и ставте овошје по избор.

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ КОЛАЧИЊА ОД 3 СОСТОЈКИ: Душа меки колачиња што секој може да ги направи!

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....