02:44 - 31 јули, 2026

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Полнети печурки – декоративна и неодоливо вкусна идеја за предјадење или мезе

готвиме со теа

Започнавме убава соработка со една врвна готвачка која секое јадење го претвара во магија од вкусови – Теодора Георгиевска.

Оваа извонредна мајсторка и една од највлијателните готвачки на социјалните мрежи кај нас, стои зад бројните рецепти кои ги објавува на профилот „Готвиме со Теа“ – „gotvime.so.tea“.

(РЕЦЕПТ)ГОТВИМЕ СО ТЕА: Превкусен, полнет мисиркин ролат со кој ќе ги импресионирате домашните!

Овој четврток, Теа споделува со сите вас интересна идеја за предјадење или мезе за некоја ваша прослава или дружба со пријатели – полнети печурки!

„Печените јајца во печурки полнети со фил од сланина се многу декоративни и неодоливо вкусни“, вели Теа.

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Васина торта – кралица на тортите уште од 1908 година!

Потребни состојки:

  • 1 кг поголеми печурки
  • 150 гр сланина
  • 1 главица кромид
  • 50 гр кашкавал за рендање
  • помали јајца
  • мешан сув зачин
  • сол и црн бибер

Начин на подготовка:

Печурките исчистете ги од земјата, нежно отстранете им ги дршките и со лажичка отстранете им ја внатрешноста. Во тавче на оган ставете масло да се загрева. Кромидот ситно исецкајте го и ставете го да се пржи. По 2-3 минути исецкајте ја сланината и ставете ја да се пржи заедно со кромидот. Во меѓувреме исецкајте ги дршките од печурките и заедно со внатрешноста од печурките додадете ги да се пржат заедно со сланината и кромидот. Посолете, наросете мелен црн бибер и додадете од сувиот мешан зачин. Пржете додека да испари водата која ја испуштаат печурките. Откако ќе се испржи секоја од претходно издлабените печурки со лажичка ја полните со филот, така што во средина ќе оставите простор за жолчка од јајце. Во секоја од печурките додадете малку изрендан кашкавал и ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 250 степени околу 10 минути. По 10 минути, извадете ги печурките од рерна и во секоја од печурките ставете по една жолчка (ако не ви е важна декорацијата можете да ставите и матени јајца). Посолете и вратете ги во рерна уште 5 минути за да се испече јајцето.

На здравје и уживајте!

Слични објави

Поранешниот свршеник на Јована Јеремиќ денеска слави, а покрај него е и новата девојка Александра

Еспресо

Голема димензија на љубов: Сара Мејс со емотивна честитка за роденденот на синот Кирил

Еспресо

Тања Савиќ заминува во Турција на естетска операција: „Морам да соберам храброст“

Еспресо

(Фото) Сопругата на Стефан Лазаров во најубавото животно поглавје — трудничките фотографии од Охрид освојуваат на прв поглед

Еспресо

(Фото) Секоја прослава е посебна приказна со декорациите на „Магични моменти“

Еспресо

Јована Јеремиќ првпат влезе во собата на покојниот татко и се расплака: „Тоа никогаш нема да си го простам“

apostolova
Се вчитува....