35.8 C
Скопје
15:30 - 30 август, 2026

ПИЛЕШКОТО НА ЕЛИЗАБЕТ ТЕЈЛОР: Рецепт во кој уживала актерката, а ќе ве воодушеви

Елизабет Тејлор е персонификација на совршенството, од нејзините впечатливи виолетови очи до нејзиниот смирен глас и нејзиното беспрекорно чувство за стил. Таа ќе остане запаметена по епската филмска кариера и се разбира турбулентниот љубовен живот. Елизабет беше жена што знаеше да ужива во животот и задоволствата на истиот, а нејзиниот рецепт за пилешко ќе направи и вие да уживате.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Charles Casillo (@charles_casillo)

Потребни состојки:

  • 1 авокадо, излупено и исечено на коцки
  • 1 лажица сок од лимон
  • 1 кг пилешко, исечени на парчиња за сервирање
  • 1/4 чаша путер + 3 лажици
  • 3 парчиња мал кромид – ситно сечкани
  • 3 лажици коњак
  • 1/3 чаша суво бело вино
  • 1 чаша крем за готвење
  • 200 гр исечени свежи печурки
  • 1 чаша пилешки бујон
  • Сецкан свеж магдонос, за гарнир

пилешко

Начин на подготовка:

– Посипете го авокадото со сок од лимон. Покријте и ставете го во фрижидер.

– Зачинете го пилешкото со сол и бибер. Во голема тешка тава, на тивок оган, загрејте 3 до 4 лажици путер и пржете го пилешкото околу 35 до 40 минути. Користете две тави ако е потребно, додавајќи повеќе путер по потреба.

– Готвеното пилешко префрлете го во сад за сервирање. Покријте лабаво со алуминиумска фолија и оставете го во затоплена рерна, 15 минути додека го подготвувате сосот.

– За да го направите сосот, во тавчето додајте го кромидот. Гответе на средна топлина, мешајќи ги и стругајќи ги страните и дното на тавата со дрвена лажица. Додадете коњак и вино и оставете да зоврие. Се вари додека смесата речиси не испари. Додадете крем и гответе уште 5 минути. Додадете пилешки бујон во смесата и гответе на средна температура, постојано мешајќи додека не се згусне.

–  Додека се готви сосот, пржете ги печурките на силен оган во путер. Во сосот додадете ги печурките и коцките авокадо. Мешајте додека убаво да се соедини.

– Прелијте го на пилешко и посипете со магдонос.

На здравје и уживајте!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Angelina Aisman (@aisman418)

Слични објави

Villa Diva е новата омилена локација за свадби и евенти – резервирајте си термин навреме

Еспресо

Лепа Лукиќ има најголема пензија на српската естрада: „Што се однесува до парите, никогаш не би морала да запеам“

Т.Ц.

Љубовен хороскоп за септември: Ѕвездите носат страст, неочекувани средби и важни љубовни одлуки

Т.Ц.

Таен сојузник на принцот Хари и Меган Маркл: Кој е милијардерот што им помага при враќањето во Британија и што ги поврзува со него

Т.Ц.

Аца Лукас доживеал сообраќајна несреќа на патот кон Битола

Еспресо

Зад мегахитот што Тома Здравковиќ го напишал за Силвана Арменулиќ се крие приказна за нејзината најголема болка

Еспресо
Се вчитува....