14:51 - 19 април, 2024

ЕФИКАСНА И БРЗА – ДИЕТА СО ЗЕЛКА: „Преполовете се“ до новогодишните празници!

Како да се ослободите од вишокот килограми во текот на есента и зимата кога најчесто се јаде потешка храна, а се почести стануваат и дружењата околу масата.

Оваа диета е дизајнирана токму за студените денови и содржи сезонски намирници кои се погодни за „топење“ на килограмите. Главни намирници во оваа диета се киселата зелка, бананата и пилешките гради.

Броењето на калории е задолжително, бидејќи во текот на оваа диета не смее да се надмине внесот од 1.000 килокалории дневно.

И киселата зелка и бананите содржат сложени јагленохидрати. На ваквите оброци може да додадете пилешки гради.

Земете предвид:

1 банана (просечна величина) содржи 100 калории.

Киселата зелка во 100 грама содржи 22 калории.

Печените пилешки гради во 100 грама содржат 165 калории.

Значи, ако изедете три банани дневно (300 калории), половина килограм кисела зелка (110 калории) и на тоа додадете 150 грама печени пилешки гради (250 калории) веќе имате дизајнирана диета за минимални 660 калории дневно.

Продолжите да броите до 1.000 калории дневно, и одберете кои намирници ќе ги додадете во вашата диета од следните:

Брокули – 100 грама содржат 20 калории

Леќа – 100 грама содржи 70 калории

Немасно сирење – 100 грама содржи 80 калории

Јогурт (немасен) – 90 калории во 1 чаша

Јаболка (со средна големина) – 65 калории

Омлет од 2 јајца – 150 калории

Сите овие намирници се достапни на пазарот во текот на студените денови. Комбинирајте ги по ваш вкус и според вашите потреби за појадок, ручек, вечара и меѓу оброциТЕ.

Подготовка на намирниците

Леќата и брокулите треба да бидат варени и без дополнителни маснотии. Не премногу солени, но може да додадете 1 лажичка маслиново масло и зачини по желба (црн пипер, чили, магдонос, нане).

Пилешките гради можат да бидат варени или печени, но не и пржени.

Омлетот подготвувајте го без маснотии, на тефлон тава.

По потреба, додадете 20 грама кикиритки.

Внимавајте, кикиритките имаат дури 650 калории во 100 грама, оттука се дозволени како меѓуоброк само 20 грама кикиритки за време на диетата, кога ќе почувствувате глад. Несолените излупени кикиритки одлично го елиминираат чувството на глад.

Апстинација од сокови и алкохол

За време на диетата се дозволени само зелен или природен чај (без шеќер) и кафе без шеќер. Сите останати сокови, дури и природно цедените, не се дозволени. И заборавете на алкохолот!

Доколку се држите до овој диетен режим две недели, ќе загубите 5 килограми. Добро е ако диетата ја држите во периодот пред новогодишните празници, за да не паднете во искушение предвреме да ја прекратите.

Слични објави

Познатата Касандра пристигнува во Србија и ќе игра со Биковиќ во „Јужен ветар 3“: Улогата е посебна приказна, ова се деталите

Еспресо

(Фото) На една рака носи 18.000 евра: Александра не штедела на себе, сите гледале во овој скап детаљ

Еспресо

Ќе се вика „Вила Јована“: Дечкото на Јована Јеремиќ ѝ купи луксузна куќа со базен и овоштарник

Еспресо

Со Сергеј Трифуновиќ е приведен и неговиот „дилер“: Нови детали за апсењето

еспресо

Дарко Лазиќ по третпат станува татко: Катарина е бремена!

еспресо

(Фото) Синот на Драгана Мирковиќ јавно ја поддржа мајка си: „И во добро и во зло…“

jasmina.kantardzieva
Се вчитува....