10.8 C
Скопје
08:37 - 29 март, 2024

Хелен Келер: Слепа сум, но гледам, глува сум, но слушам!

Пред да започне моето образование, напишала Хелен, бев како брод загубен во густа магла кој го бараше брегот, но немав компас за да пристигнам до него.

Хелен Келер беше прва слепа и глувонема личност која дипломираше, етаблирана писателка, политичка активистка, неуморен борец за правата на жените што ја доведе до средби со претседатели, државници и значајни личности од целиот свет, меѓу кои и со Винстон Черчил и Џавахарлал Нехру. Родена е на 27 јуни 1880 година во Алабама, била глувонема и слепа од 19-месечна возраст како последица на менингит кој едвај го преживела, но благодарение на железната волја научила да пишува и да зборува, и дипломирала во 1904 година. „Најдобрите и најубави работи не можат да се видат ниту чујат, туку се чувствуваат со срцето“, ќе напише Хелен Келер во една од своите книги.

За успехот на Хелен е заслужна уште една жена, Ан Саливан, наставничката што ја фатила Хелен за рака уште додека била дете и која останала покрај неа повеќе од четириесет години. И самата Ан во детството имала проблеми со видот, на петгодишшна возраст заболела од трахома што ја оставила делумно слепа и без вештина за читање и пишување. Саливан применувала посебни методи за да ја научи Хелен да пишува и чита, кои претходно ги искусила на себе, а тие искуства Келер ќе ги опише подоцна во својата автобиографска книга „Приказна за мојот живот“, која стана бестселер.

На возраст од 14 години Келер со Саливан се преселила во Њујорк, каде што посетувала специјално училиште за глуви и се посветила на учење на говор. Потоа, следува неверојатното – запишување на „Кембриџ“, а школувањето ѝ го платил нејзиниот обожавател, Марк Твен, кој рекол дека Хелен е најголемата хероина во историјата. „Секоја борба е победа“, ќе забележи големата писателка, која објаснува дека во текот на школувањето имала падови и кризи, но секогаш станувала и продолжувала да оди напред. Се специјализирала за англиска книжевност, а во време на студиите настануваат и нејзините први дела. Дипломирала со највисоки оцени и станала прва глува личност која успеала да добие диплома. Но, тука не застанала – докторирала филозофија, станувајќи една од најпопуларните икони на американската култура која зборува дури три јазици – англиски, француски и германски.

Се вклучила во бројни прогресивни активности за поддршка и права на лицата со инвалидност, а со текот на годините станала и вешт говорник. Во 1915 година ја основала непрофитната организација „Хелен Келер интернешнл“, која делувала во 39 земји. Позната ширум светот по својата челична волја, била наградена и со Претседателски медал на слобода, една од највисоките цивилни награди во САД. Подоцна, се вклучила и во политика, со влегувањето во Социјалистичката партија, застанувајќи на страната на работничката класа и основајќи синдикат кој делувал во многу земји во светот. Поради нејзините левичарски идеи, ФБИ воделе дебело досие за неа. Целиот свој живот Келер посветено работела за Американската фондација за слепи, и патувала држејќи предавања.
Во почетокот на 60-те години се повлекла од јавноста откако преживеала мозочен удар. Починала на 1 јуни 1968 година на 88-годишна возраст. Кон крајот на нејзиниот необичен и возбудлив живот, изјавила: Слепа сум, но гледам; глува сум, но слушам.

 

Слични објави

Дожд од пари: Три хороскопски знаци конечно ќе го решат финансиското прашање

еспресо

Харис Џиновиќ ја отвори душата: „Таа побегна, ни со децата немаше контакт, баш добра мајка!“

еспресо

(Видео) Миа Костова стана жртва на измама: Не рекламирам чаеви за слабеење, не наседнувајте на лажни реклами

Еспресо

(Фото) „Моите деца ме подмладуваат“: Симона Поповска го прослави 32. роденден со семејството

Еспресо

Принцот Хари ќе има кратка и официјална средба со кралот Чарлс: Еве ги деталите

еспресо

Уапсен познат српски естраден менаџер: Во станот му нашле дрога

Еспресо
Се вчитува....