9.8 C
Скопје
10:23 - 19 март, 2024

На падините под Јакупица со Тања Благоевиќ: Избрав да бидам чудо, како деца ни се и козите, билките, змиите, ластовичките…

Пред десет години новинарката Тања Благоевиќ одлучила да ги остави лошите навики и да започне сосема нов живот на падините на Јакупица. Денес е сигурна дека донесената одлука била правилна.

Тања Благоевиќ, поранешна долгогодишна и успешна новинарка, пред десет години го остави градскиот живот и замина в село, сместено под падините на Јакупица. Во новата животна авантура храбро тргнала сама, а сега со неа се сопругот и двете деца кои се таму родени. Живеат и уживаат во сите благодети на природата, всушност, и самите се дел од природата, се грижат за козите, пчелите, кокошките…, произведуваат органски производи првенствено за себе, а вишокот го продаваат.

Koга и како дојде до оваа одлука, тргнавте ли сама во авантурата на новиот живот, и каде го најдoвте својот мир и својата нова професија?

– Отуѓеноста на луѓето од природата, мртвата храна, воздух, вода… е она што ги растажува и прави болни луѓето. Отсуството на овие животодавни елементи беа причина пред десет години сама да си заминам од градот и да се „вратам“ меѓу своите, живата природа. Ги оставив лошите навики и започнав сосема нов живот, живот за почетници на падините на Јакупица.

Кои лични промени Ви ги донесе новиот живот?

– Најважната промена е што почнав да ги приметувам живите нешта околу мене, билки, бубачки, дрвја, ѕвезди… Живата природа е најдобриот учител. Ако си опкружен со сѐ живо околу тебе, тогаш живееш.
Најубавата пак, промена во мојот живот, беше што станав сопруга и мајка. Ајнштајн рекол: Постојат два начина на кои може да го живееш животот, првиот е како да нема чуда, а другиот е како да е сѐ чудо. Јас избрав да бидам чудо. Чудата се природни, не е природно да нема чуда.

Мајка сте на две дечиња, како тие се снаоѓаат во животот во природа? Што планирате понатаму кога ќе дојде време да одат на училиште?

– Децата не се снаоѓаат, тие едноставно си живеат, тука се родени и се неразделен дел од природата. Благодарение на „новото“ време се појави комбинирана настава, така што ќе се адаптираме на неа. Дел ќе си се превезуваме со коњи низ живата природа, дел ќе си учиме онлајн.

Како изгледа еден ваш ден?

– Денот ни е целосно исполнет, секоја секунда ја посветуваме на некое од децата. Како деца ни се и козите, билките, змиите, ластовичките…, сите бараат по малку внимание и љубов, еден ако пропуштиме, тагата веднаш се чувствува.

Зошто се одлучивте акцентот да го ставите на производи од кози?

– За кози се одлучивме бидејќи ни беше потребно млеко за децата, а козата го дава најквалитетното млеко. Покрај кози имаме селски кокошки, пчели, зеленчукова градина и природа што нè опкружува и ни дарува билки во изобилие. Дренки, шипки, капинки…, така што имаме сѐ за здрав живот.

Кои сè производи ги нудите на пазарот и во што е нивната специфичност?

– Првенствено произведуваме за себе, а вишокот производи го продаваме. Најприсутни наши производи се органските сапуни и медот, но не заостануваат ни сирењето, јајцата, чаевите итн. Нивна карактеристика е што се органски, директно земени од изворот. Направени се по рецептите на нашите предци и што е најважно, при нивната подготовка не ја загадуваме нашата мајка природа.

 

Слични објави

Ќерката на Деми Мур и Брус Вилис ја потврди својата тешка дијагноза: „Тоа ми го промени животот“

еспресо

Астропрогноза за вторник, 19 март: Убави вести за Близнаците, исполнување на сонот за Скорпиите

еспресо

(Фото) Нова фотографија од „исчезнатата“ Кејт Мидлтон: „Дали навистина е Кејт?!“

еспресо

На седмо небо: Три хороскопски знаци ќе ја најдат судбинската љубов многу наскоро

еспресо

(Фото) Ким Кардашијан покажа ретка фотографија пред пластичните операции: Нема да ја препознаете!

еспресо

„Немам дечко веќе 40 дена“: Дара Бубамара отворено за мажите и врските

Еспресо
Се вчитува....