17:34 - 11 ноември, 2026

(ФОТО+РЕЦЕПТ) ШЕФ БРАНКО ПОПОСКИ: Вевчанскиот кашаник е синоним за ЉУБОВ – поканете ја на вашата трпеза

На наше задоволство и чест, страничките на еспресо.мк ги разубавува и популарниот шеф Бранко Попоски, познат под псевдонимот „Готвиме со Бранко“ („Cooking with Branko“).

фото: приватна архива

Вевчанскиот кашаник е синоним за љубов. Љубов одамнина. Нашите баби, прабаби го подготвувале една неделно обавезно. Овој рецепт останал и ден денес да не потсетува на едни убави времниња.
Денес, ние сме тие кои што го продолжувам трењето на традицијата и сеќавањето на едно минато.
Колку спомени будат овие стари рецепти, колку само љубов има во нив.

фото: приватна архива

„Дојдете во Вевчани, уживајте во вкусот на вевчанскиот кашаник и убавината на Вевчани и во есен“.

Состојки:

  • 3.5 кг брашно тип 500
  • 6,5 литри млака вода
  • сол по вкус
  • 450 мл масло

    фото: приватна архива

Потребна опрема:

  • тепсија број 48
  • сач (вршник)
  • пирустија
фото: приватна архива

Приготвување:

1. Вршникот треба да се вжешти на оган со жар пред да ја печете кората
2. Ставете брашно, вода и сол и формирајте хомогена смеса
3. Ставете голема лажица од смесата во тепсија и попрскајте ја со масло
4. Повторувајте ја постапката додека ја потрошите смесата
5. Последната кора печете ја малку за да зарумени, па вратете го сачот над кашаникот

(ФОТО+РЕЦЕПТ) ШЕФ БРАНКО ПОПОСКИ: Вегански чизкејк со кокос и калинка од кој ќе посакате и второ парче

Слични објави

(Фото) Од сомнеж за лажен профил до свадба на Санторини — „македонската Барби“ раскажа како го запознала сопругот

apostolova

Ива Бојановиќ без влакна на јазикот за помладиот дечко на Дара Бубамара: „Како да му е другар на син ми, не би можела!“

Еспресо

(Видео) Мина Костиќ им возврати на колегите по обвинувањата за кражба: „Љубомората е чудо!“

Еспресо

(Фото) Бресквица сподели романтични кадри со партнерот од Дубаи – пејачката блеска на ноќно излегување

Еспресо

(Фото) Ќерката на Даниел Кајмакоски наполни две години, за роденденот си доби торта со Том и Џери

К.С.

(Фото) Стојне Николова во впечатлива бордо креација: Пејачката го покажа својот гламурозен изглед на „Роса фест“

Т.Ц.
Се вчитува....