4.8 C
Скопје
02:55 - 21 декември, 2024

(ФОТО+РАЗГОВОР) ТОШЕВА СО КОЛЕКЦИЈА ИНСПИРИРАНА ОД СПОМЕНИКОТ „ЖЕНА БОРЕЦ“: Тежнеам кон актуелизирање на јорганџиството

ирина тошева

Со години активно и посветено твори и заслужна е за беспрекорните креации на многу жени. Модната дизајнерка Ирина Тошева е препознатлива по уникатните и впечатливи креации, а како што вели, тоа е нејзиниот канал на креативно изразување.

Тошева постојано е дел од проекти чија цел е да се подобри социјалната инклузија и да се обезбедат подобри можности за ранливите групи.

Разговараме со Ирина по повод нејзината нова колекција.

ирина тошева
Ирина Тошева / Фото: Ерина Богоева

Како е насловена новата колекција и колку модели содржи истата?

– Новата модна колекција е наречена „Зина“ по истоимениот историски фиктивен лик на принцезата воин, која се бори со злото. Се состои од седум модни изгледи и седум парчиња накит.

ирина тошева
Дел од новата колекција на Ирина Тошева насловена „Зина“ / Фото: Приватна архива

На што е ставен фокусот на твоите најнови креации, кои модели доминираат?

– Инспирирана е од споменикот „Жена борец“ на академик Боро Митриќески, кој ги чествува жените учесници во Народноослободителната борба, меѓу кои има и седум народни хероини по кои се наречени облеките.

Овојпат тежнеам кон актуелизирање на јорганџиството и заживување во моден контекст, како занает во изумирање. Затоа соработував со последниот традиционален јорганџија во Старата скопска чаршија.

Моделите се надополнети со накитот на дизајнерката Ксенија Котев (Kotev Ksenija), која креира модерни додатоци инспирирани од традиционалната техника филигран. Седумте дизајни изработени од 925 сребро се збогатени со импресивен избор на полускапоцени камења, создадени од природата, вешто поврзани со значењето на седумте енергетски центри во телото- чакрите.

ирина тошева
Дел од новата колекција на Ирина Тошева насловена „Зина“ / Фото: Приватна архива

Која е пораката што сакаш да ја испратиш со оваа колекција? На кои жени е наменета?

– Целиот процес на изработка, соработка со традиционален јорганџија и модерна дизајнерка на накит, снимањето на едиторијалот на уште една занемарена и заборавена локација, како базенот и паркот во Сарај, претставуваат гласна порака за културна одржливост. Тоа значи одржување на културните верувања, културните практики и занаети, зачувувањето на наследството, обидувајќи се да одговориме на прашањето дали ќе постои или не некоја дадена култура во контекст на иднината, што од нас бара да ја спасиме нашата животна средина сега.

Користев еколошки материјали со сертификати кои го гарантираат составот и етичкото производство, остатоци материјали од локални фабрики, работевме со дигитално изработени кроеви, стремејќи се кон транспарентен синџир на производство без отпад, со што придонесуваме кон развивањето на цирклуларната економија во нашата земја.

Облеките се наменети за сите жени хероини кои се пронаоѓаат во нив и веќе се достапни на веб страницата и во ателјето. Колекцијата е дел од поддржаните проекти од локален интерес во културата на Град Скопје, за 2021 година.

(ФОТО) ЕЛЕГАНЦИЈА ВО ДВИЖЕЊЕ: Нашата прва дама воодушеви со модниот избор

Во твоја врвна креација ја видовме и нашата прва дама Елизабета Ѓоргиевска. Какво е чувството да се соработува со неа, дали повторно ќе да ја видиме да носи твое дело?

– Г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска е прекрасна и инспиративна во секој поглед и ми беше особена чест и радост кога бев исконтактирана. По нејзина желба, се одлучивме за безвремената класика, но со мој дизајнерски печат. Креацијата беше разиграна со различни копчиња во форма на медалјони и дезенирани детали во внатрешноста на ракавите. Големо внимание посветивме на бирањето на материјалот, затоа што удобноста и пријатноста на вакви настани е особено важна. Сигурно ќе соработуваме наскоро пак.

ирина тошева
Ирина Тошева / Фото: Ерина Богоева

„Мини Ирина Тошева“ е првиот бренд насочен кон изработка на облека за домашни миленици. Кажи ни нешто повеќе за тоа. Дали оваа еко идеја можеби ја доби од твоето домашно милениче?

– Новата подетикета „Мини Ирина Тошева“ е линија на облека и додатоци на миленици. Сè уште сме во фаза на изработка на прототипи и комплетирање на тимот и соработниците. Локалното производство е базирано на одржливост и решавање на проблемот со текстилен отпад, како главен ресурс во изработката. Во процесот на изработка и транспорт на производите ќе учествуваат маргинализирани лица и лица со ниски животни примања.

ирина тошева
Дел од колекцијата „Мини Ирина Тошева“ / Фото: Александра Костадиновска

Како купувач често имав проблем да ја најдам соодветната облека за мојата Мини. Работите речиси секогаш морав дополнително да ги модифицирам, потеклото најчесто беше непознато, материјалите не секогаш соодветни и со слаб квалитет. За време на пандемијата вдомив и уште еден миленик и често велам дека нивното друштво го сметам за најзаслужно што ми помогна да го задржам „здравиот разум“. Оваа подетикета е моето благодарам до нив.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОСТАНАТИОТ ДЕЛ ОД КОЛЕКЦИЈАТА „ЗИНА“ НА ИРИНА ТОШЕВА:

ирина тошева
Дел од новата колекција на Ирина Тошева насловена „Зина“ / Фото: Приватна архива

ирина тошева

Дел од новата колекција на Ирина Тошева насловена „Зина“ / Фото: Приватна архива

ирина тошева
Дел од новата колекција на Ирина Тошева насловена „Зина“ / Фото: Приватна архива
ирина тошева
Дел од новата колекција на Ирина Тошева насловена „Зина“ / Фото: Приватна архива
ирина тошева
Дел од новата колекција на Ирина Тошева насловена „Зина“ / Фото: Приватна архива
ирина тошева
Дел од новата колекција на Ирина Тошева насловена „Зина“ / Фото: Приватна архива
Дел од новата колекција на Ирина Тошева насловена „Зина“ / Фото: Приватна архива
ирина тошева
Дел од новата колекција на Ирина Тошева насловена „Зина“ / Фото: Приватна архива

 

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....