16:26 - 8 ноември, 2026

(ФОТО) ИЗГЛЕД НА ДЕНОТ: Ранија од Јордан во фармерки по последен тренд

Навикнати сме да ја гледаме на официјални приеми и државни посети облечена во префинета облека. Но, Ранија од Јордан може да биде и обична кралица. И не се плаши да го покаже тоа.

Сопругата на кралот Абдула II (51) го посети седиштето на фондацијата „Тиркиз Маунтаин“ во Аман појавувајќи се во „кежуал“ изглед, но сепак, совршен. Имено, таа е облечена во во маица со нијанса на чоколадо и – фармерки!

Сепак, фармерките што ги носи кралицата се впечатливи. Станува збор за многу тренди модел кој е хит за сезоната есен/зима 2021/22. Моделот е од луксузната модна марка Chloé, со женствен крој и со висок струк.

Но Ранија не е единствена претставничка на кралско семејство вљубена во џинс. Во последниве месеци, Кејт Мидлтон (кога отиде да се вакцинира против ковид) подлегна на искушението па си облече фармерки. Фармерки облече и Максима од Холандија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Queen Rania Al Abdullah (@queenrania)

Слични објави

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.
Се вчитува....