18:25 - 7 ноември, 2026

(Видео) Фудбалер почина на фудбалски терен: Шокантното видео го обиколи светот

Уште една трагедија на фудбалските терени. Шокантното видео доаѓа од Брегот на Слоновата Коска, ќе ви ја замрзне крвта во вени и ќе ви дојдат солзи на очите.

Мустафа Сила (21), дефанзивецот на РК Абиџан, почина во неделата откако колабирал на теренот за време на натпревар против СОЛ ФК.

Трагедијата се случила на стадионот Роберт Шампро. Сила паднал на земја, а кога виделе дека колабирал, играчите на теренот веднаш повикале медицински персонал, но за жал не можеле да го спасат.

„Нашиот дефанзивец Сила Мустафа почина откако му се слоши на теренот“, соопштија од клубот.

„Раководството изразува искрено сочувство до неговото семејство. Почивај во мир Мустафа. Почивај во мир Лаве“.

Логосина Сисе, претседател на РК Абиџан, за странските медиуми изјави дека Сила починал на пат кон болница.

Првите индиции се дека фудбалерот починал од срцев удар, но клубот сака да ги почека резултатите од обдукцијата за да се откријат вистинските причини за смртта.

Сила дојде во клубот во септември, а се надеваше дека ќе се наметне и ќе добие шанса да игра во француска Ница, клуб со кој РК Абиџан има соработка.

Како и повеќето африкански играчи, тој сонуваше дека еден ден ќе заигра во Европа и на тој начин ќе ја реши својата егзистенција, но прерано си замина.

Инаку, ова беше трет смртен случај на фудбалер во првенството на Брегот на Слоновата Коска во последните четири години, што е јасен знак дека не се води сметка за здравјето на играчите, а и самите лекарски прегледи се сè само не на задоволително ниво.

 

Слични објави

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.
Се вчитува....