14:47 - 18 ноември, 2026

Светски музички ѕвезди ќе пеат за Украина – на „Вембли“ се подготвува голем концерт

Голем концерт посветен на Украина и жртвите од војната се очекува да се одржи на 24 јуни на „Вембли“, стадионот во Лондон, Велика Британија.

Овој музички настан е поддршка на украинскиот народ, а и „за да се изврши дополнителен притисок“ врз рускиот претседател Владимир Путин, пишува „Сан“.

„Ова ќе биде нешто големо. Ќе настапат најдобрите музичари, популарни низ целиот свет. Тоа е нешто што луѓево сакаат да го направат веќе некое време, но сега ги одредивме времето и местото. Веќе ги поканивме најголемите музички ѕвезди, но свесни сме дека поради густиот распоред и со така ненадеен повик, можеби нема сите да дојдат“, изјави неименуван извор за таблоидот.

Меѓу поканетите се „Ролинг стоунс“, „Ју-ту“, Адел, Пол Макартни, Пинк, Ноел Галагер, „Флоренс енд д’Машин“ и многу други пејачи и групи.

„Ние сме оптимисти за овој концерт, бидејќи многумина веќе се согласија да настапат. Ова ќе биде одлична можност за бендовите кои се политички активни и се залагаат против војната – како Ју-ту, дополнително да ја истакнат состојбата во Украина. Така, концертот секако може да изврши дополнителен притисок врз Русите и Путин“, додава изворот.

Но, можен проблем и пречка може да биде ако настанот се поклопи со Фестивалот во Гластонбери. Добротворниот концерт, според таблоидот, е замислен како оној во 1985 година, кога се собираа пари за жртвите од глад во Етиопија.

Слични објави

(Фото) Шехерезад во лежерно издание: турската актерка прошета низ Лондон во зелена јакна и црвена капа

Еспресо

Животната приказна на Светлана Цеца Бојковиќ: Славната актерка храбро ја следеше љубовта и им пркосеше на тогашните општествени норми

E.A.

Омилениот прилог за домашниот ручек — рецепт за кремасто пире со путер и млеко

К.С.

Емина Јаховиќ првпат проговори за скандалот со сопругата на Мустафа и наводната проневера на 200 милиони долари: „Тој нема никаква врска со тоа“

Еспресо

Халид Муслимовиќ со трогателно сеќавање за Халид Бешлиќ и Шабан Шаулиќ: „Лекарот ми рече дека сè можело да се спречи на време, но тоа е судбина“

E.A.

Кеба го коментираше случајот со синот на Вељко Ражнатовиќ: „Секој има право на свое мислење, но тој исправно размислува“

E.A.
Се вчитува....