18.8 C
Скопје
08:21 - 19 мај, 2024

Судијката му го расипува планот на Трамп за претседателската кампања, прво ќе трча на судење, па на митинг

Судењето на Трамп, би требало да започне ден пред тн. „Супер вторник“ кога бројни сојузни држави одлучуваат за претседателската номинација.

Сојузната судијка во Вашингтон изјави дека поранешниот републикански претседател Доналд Трамп мора да ја прилагоди својата кампања за претседателските избори во 2024 година според датумите на судењето.

Судијката којашто ја водеше расправата на сојузниот суд во Вашингтон, Тања Чуткан, одреди судењето на Трамп за наводен обид за промена на резултатите од претседателските избори во 2020 година во сојузната држава Џорџија да започне на 4-ти март 2024 година пред сојузниот суд во Вашингтон, со што силно го згусна распоредот на поранешниот претседател кој има намера следната година да се врати во Белата куќа.

Тоа е само еден од четирите предмети покренати против поранешниот претседател за кои тој вели дека се „лов на вештерки“ и „мешање во изборниот процес“ за изборите во ноември 2024 година и спречување тој да се врати на власт.

Трамп, во понеделникот не присуствуваше на сослушувањето, но претходно изјави дека судијката Чуткан, која е избрана како демократка, е пристрасна во однос на него.

Четирите претстојни судења јасно ќе претставуваат големи логистички проблеми за неговата кампања, но истовремено тие континуирано ја зајакнуваа поддршката, особено на републиканските гласачи, за Трамп.

Во сите три претходни случаи Трамп се изјасни дека е невин, а се очекува дека тоа ќе го стори и во четвртиот кога на 6-ти септември ќе се појави пред судот во Џорџија.

Специјалниот обвинител од Министерството за правосудство, Џек Смит, предложи судењето да започне на 2-ри јануари 2024 година, истовремено со првите предизборни дебати за претседателската номинација на Републиканската партија на кои речиси неприкосновен фаворит е Доналд Трамп. Адвокатите на републиканецот, пак, бараа судијката да го одложи судењето до парил 2026 година, затоа ште ќе биде потребно доста време да ги проучат сите 12,8 милиони страници докази коишто ги собрале обвинителите.

Меѓутоа, судијката Чуткан рече дека ниеден од тие датуми не е прифатлив, како и дека на одбраната според неа „не ѝ е потребно толку долго време“.

„Предлогот на одбраната, април 2026 година е далеку повеќе отколку што е потребно… Господинот Трамп ќе мора на судење, без оглед на неговиот распоред“, рече судијката Чуткан додавајќи дека неговите обврски (во кампањата) не би требало да влијаат врз датумот на судењето.

Поранешниот претседател, исто така, го очекува судење во Њујорк на 25. март 2024 година поради наводно избегнување на прописите за финансирање на кампањата кога пред да ја објави својата кандидатура за изборите во 2016. на порно-глумица ѝ платил да молчи за нивната врска.

Слични објави

Опасен период: Три хороскопски знаци кои треба да внимаваат до крајот на мај

еспресо

Бен Афлек во „лов“ на куќа по гласините за развод од Џенифер Лопез: „Таа не може да го контролира, тој не може да ја промени“

еспресо

Јелена Карлеуша ја шокираше јавноста со изјава за злоупотребата на нејзиното куче: „Тоа беше сурова игра“

Еспресо

(Фото) Прво огласување на Марко по излегувањето од притвор! Јавно ѝ се обрати на Луна: Да дочекаме барем…

Еспресо

(Фото) „Мојата единствена девојка!“: Тони Бијелиќ во доцните часови објави фотографија и покажа детаљ од приватниот живот

Еспресо

Никола Роквиќ во кавга со Жељко Самарџиќ: „Бедно, како не ви е срам?“

еспресо
Се вчитува....