14:15 - 1 април, 2026

Србија забрани извоз на млеко, освен за Македонија и Албанија

млеко

Одлука за забрана за извоз на сурово и пастеризирано млеко донесе Владата на Република Србија на седница што се одржа денеска. Оваа одлука нема да се однесува за Македонија и за Албанија.

Според образложението на српската влада ваквата одлука има за цел да се овозможи редовно снабдување со млеко на населението и да се спречи одлив на суровини надвор од границите на државата.

Како што соопштија од српската влада, донесена е и измена на регулативата за ограничување на цената на основните прехранбени производи, која ќе важи до 30 септември 2022 година.

Со измената на регулативата цената на УХТ-млекото со 2,8 отсто млечна маст во пакување од еден литар се ограничува на 128,99 динари (1,1 евро).

Освен ограничувањето на цената на УХТ-млекото, ограничени се и трговските маржи со цел да се спречат шпекулативни активности на пазарот.

Слични објави

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.
Се вчитува....