28.7 C
Скопје
19:05 - 10 јули, 2026

Познатиот хит „Ноч ми те дугује“ Здравко Чолиќ го посветил на неговата голема љубов

Здравко Чолиќ ѝ ја посвети баладата „Ноч ми те дугује“ на познатата босанска актерка Јасна Орнели Бери.

Орнела и Здравко во младоста во Сараево се вљубиле еден во друг, а таа во едно интервју откри детали од нивниот однос.

„Се запознавме одамна, кога бевме многу млади. Одевме на Скендерија, во Домот на младите, во кој се собираа таленти, и таму немаше само музичари, туку и глумци, сликари. Се дружевме и таму првпат се вљубив. Имав среќа да се заљубам за прв пат во некој како него, кој беше вреден, а да не зборувам за неговиот изглед. Изгледаше како принц“, раскажа Јасна.

Јасна тврди дека се гледале дури и откако тој станал член на популарната „Корни група“. Таа ги парафразира зборовите на Чолиќ: „И кога се вратив, ти си се омажила“, по што новинарот заклучи дека му го скршила срцето.

„Па, не, не. Тешко е, но мора да го прашате него. Едноставно, јас сум посесивна личност кога сакам. Сè што правам, го правам до крај и без да се воздржувам. Бев свесна дека сепак ќе се гледаме. Но едноставно не можев да поднесам толку многу други жени кои… Тој ништо, верувајте ми, тој ништо, тие самите, знаете, и кога седиме вака, му седнуваат во скут. Мислам, сега трескам, но не можев да го направам тоа и тогаш реков дека е подобро секој да си го живее својот живот“, рекла таа.

Актерката вели дека Чолиќ ѝ ја посветил песната „Ноч ми те дугује“.

– Секогаш дел од моето срце ќе биде резервиран за него. Првпат по војната се сретнавме во Белград. Тоа беше трогателна средба која никогаш нема да ја заборавам. Тој е фасцинантна личност и својата харизма успешно ја одржува и денес. Пред сè е добар човек. Чола ми ја посвети песната „Ноч ми те дугује“, која сам ја напиша – откри Јасна.

„Не можам да кажам дека сме се забавувале или дека сме биле во врска. Тоа е посебен однос кој и денес трае. Тоа сè уште е љубов која не можете да ја помилувате или да ја држите за рака. Здравко секогаш ќе остане сечиј и ничиј“, додаде глумицата.

Слични објави

(Фото) Братот на Новак Ѓоковиќ по 7 месеци се огласи од Шпанија: Цврсто ја прегрнал сопругата, па испрати порака што збуни многумина

Еспресо

Совршен подарок: Мали уметнички дела од восок – креации што го разубавуваат секој простор

Еспресо

(Фото) Емина Јаховиќ на одмор со синот Јавуз: Во костим за капење и без шминка ги воодушеви следбениците

Еспресо

(Фото) Маја Николиќ воодушевена од несекојдневна глетка на Халкидики: „Ова во животот не сум го видела“

Еспресо

Јелена Карлеуша откри низ каква криза финансиска поминувала и јавно му се заблагодари на Жељко Митровиќ: „Ми подаде рака кога ми беше најтешко“

Еспресо

„Многу ми е жал…“: Прво огласување на Мина Костиќ по пеколот низ кој помина и сместувањето во психијатриска клиника

Еспресо
Се вчитува....