8.8 C
Скопје
05:25 - 12 мај, 2026

„Подобро би било Украина да се предаде“: Џонсон зборуваше за позицијата на Германија до 24 февруари

Џонсон: пред почетокот на специјалната операција, Германија го сметаше брзиот пораз на Украина од корист.

Пред почетокот на специјалната операција Германија веруваше дека од економски аспект би било корисно ако Украина доживее брз воен пораз, изјави поранешниот британски премиер Борис Џонсон. Тој додаде дека француското раководство не верувало во избувнување на непријателства, а Италија рече дека можеби нема да може да се приклучи на заедничката политика на ЕУ против Русија.

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон во интервју за Си-Ен-Ен изјави дека пред почетокот на руската специјална операција, Германија сметала на неизбежен пораз на Украина во случај на конфликт.

„Позицијата на Германците во одреден момент беше дека ако се случи ова, што би било катастрофа, би било подобро сè да заврши побрзо и Украина да се предаде“, рече Џонсон.

Тој нагласи дека германската влада ја објаснила својата позиција „со голем број тешки економски причини“.

„Не можев да го поддржам, мислев дека тоа е катастрофално. Но, можам да разберам зошто размислувале и чувствувале така“, рече Џонсон.

Во интервјуто, поранешниот британски премиер истакна дека француските власти „до последен момент ја негираа можноста за вооружен конфликт меѓу Русија и Украина“.

Телевизискиот канал потсети дека францускиот претседател бил главниот европски политичар кој се обидел да го убеди својот руски колега Владимир Путин да се откаже од воените операции во Украина.

Борис Џонсон ја критикуваше и првичната политика на италијанскиот премиер Марио Драги во однос на заканата од големи непријателства во Украина. Според него, владата предводена од Драги „во одредена фаза едноставно изјави дека нема да може да ја поддржи позицијата што ја заземаме“, сфаќајќи ја нивната „огромна“ зависност од рускиот гас.

Џонсон тврди дека мислењето на западните земји пред почетокот на руската специјална операција во Украина многу се разликувало. Сепак, текот на непријателствата ги принудило европските власти да се обединат и да почнат да ѝ пружаат помош на Украина.

„Она што се случи е дека сите – Германците, Французите, Италијанците, сите, Џо Бајден – видоа дека едноставно нема избор. Затоа што не беше можно да се постигне договор со овој човек (се милси на рускиот претседател Владимир Путин). Тоа е клучната точка“, рече Џонсон.

Според него, „ЕУ направи брилијантна работа“ во соочувањето со Русија.

Слични објави

Љубовната приказна на Катрин Денев е една од најбурните во 20 век: „Љубовта… Понекогаш изгледа само како болка“

Т.Ц.

(Фото) Се огласи синот на Ѓорѓе Балашевиќ на денот на неговиот роденден: „Ја одбележуваме вечноста“

Еспресо

„Некој го користи мојот лик и име“: Ана Бекута жртва на интернет измама, пејачката итно се огласи

Еспресо

(Фото) Дара Бубамара го покажа новиот дечко, но сите го гледаа неговиот бесен автомобил

Еспресо

„Слушај ме ваму, гледај ме во очи“ – Сузана Манчиќ му одржала лекција на зетот генерал

Е.А.

Накит со потпис на Jewelry Palace SJ – уникатни дизајнерски парчиња што зборуваат без зборови

Еспресо
Се вчитува....