16:39 - 7 ноември, 2026

Една држва во САД планира да ја забрани популарната платформа Тик Ток: Има сомнежи за шпионажа

Монтана стана првата американска држава што донесе закон за забрана на TikTok. Но, тој ќе биде тешко да се спроведе во сегашната форма, но може да ја зголеми подготвеноста на САД еднаш засекогаш да ја забранат популарната платформа на кинеската група ByteDance, пишуваат американските медиуми.

Законот е прифатен со 54 гласа (43 беа против), треба да го потпише републиканскиот гувернер на таа држава на северозапад од земјата, која има нешто повеќе од милион жители.

Како и многу демократски и републикански членови на американскиот Конгрес, претставниците на Монтана мислат дека платформата на кратки и забавни видеа, посетени од 150 милиони Американци, му дозволува на Пекинг да шпионира и манипулира со корисниците. Текстот им наредува на продавниците за мобилни апликации (A (Apple и Google) да престанат да дистрибуираат TikTok од 1 јануари 2024 година.

„Судот ќе одлучи за уставноста на текстот. Ја продолжуваме борбата за корисниците и креаторите на TikTok во Монтана“, изјави официјален претставник на апликацијата пред гласањето.

TikTok со години ги негираше обвинувањата за шпионажа за Кина.

Слични објави

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.
Се вчитува....