01:15 - 12 ноември, 2026

Зошто јадеме јагнешко, шунка и јајца на Велигден?

Шунка, јагнешко, јајца, млад кромид, ротквици, рен… Сите овие намирници се дел од велигденската трпеза. Но, дали некогаш сте се запрашале зошто јадеме јагнешко, шунка и јајца на Велигден?

Јагнешкото месо традиционално се јаде на Велигден. Оваа традиција е стара повеќе од 3.000 години, а потекнува од еврејскиот празник Пасха, со кој се слави ослободувањето на Израелците и нивното иселување од Египет. Жртвеното јагне отсекогаш било составен дел на Пасха. Кога некои од Евреите го прифатиле христијанството, тие го продолжиле овој обичај на Велигден, кој е зачуван во многу делови од светот до денес.

Јагнето всушност има многу важно и симболично место во еврејската и христијанската религија.  Христијаните јадат јагнешко месо на Велигден во спомен на Христа како „јагнето Божјо кое ги зема гревовите на светот“, и во спомен на Неговата жртва на крстот.

Јагнето го симболизира и потчинувањето на христијанинот кон волјата Божја, како и доблестите на невиноста, кроткоста и добрината.

Зошто јадеме шунка на Велигден?

Меѓутоа, како што волната станала многу популарна ткаенина за време на Втората светска војна, се помалку јагниња биле заклани, така што за Велигден имало многу помалку месо отколку во минатото. И токму тука своето место го зазема шунката, денешниот симбол на Велигден. Имено, селаните со векови развиле начин на зачувување на месото во зимските месеци, а до Велигден и пролет тоа било готово за јадење. Освен тоа, шунката е многу поприфатлива од јагнешкото, а оваа разлика била забележлива во минатото.

Тоа овозможило креативност при подготовката на шунката, поради што таа и денес се јаде на многу начини и е незаменлив дел од велигденската трпеза, многу почесто од јагнешкото.

Зошто јадеме јајца на Велигден?

Јајцата се неизбежен дел од велигденската трпеза. Јајцата традиционално се поврзуваат со повторното раѓање и бесмртност. Со оглед на тоа што Велигден, како ден на Исусовото воскресение, секогаш се слави на пролет кога природата повторно се буди и „раѓа“, јасно е зошто јајцата ги потсетуваат луѓето на нов живот. Но, интересно е и тоа што и во раното христијанство јајцата биле забранети во текот на 40-те дена од Великиот пост, а на самиот Велигден било дозволено повторно да се јадат. И затоа сега можеме да уживаме во нив во полн сјај.

 

Слични објави

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.

Битка за вилата вредна 1,7 милиони евра – Николина Пишек мора да му исплати стотици илјади евра на свекорот Миша Гроф

Еспресо

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо
Се вчитува....