01:02 - 10 ноември, 2026

Албанија не може да ја плати сметката на Сали – за социјалистите Бериша е полош и од Путин

Владини претставници и високи партиски функционери на албанските владејачки социјалисти реагираат по најавата на Сали Бериша за протест на 6 декември, кога во Тирана ќе се одржи Самитот ЕУ-Западен Балкан.

Албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши оценува дека тоа е голем срам кој не го заслужува Албанија и оти „оваа сметка Албанија не може да ја плати“.

– Срам што Албанија не го заслужува. Денес, кога на Западен Балкан му е потребна поддршка од ЕУ и САД повеќе од кога било, денес, кога Албанија се истакнува како водечка земја во ориентацијата на регионот кон запад, без геополитички дилеми, денес, кога седиме на преговарачка маса за полноправно членство во ЕУ, денеска, во пресрет на еден незамислив историски настан во однос на силата што ја дава на нашето европско патување – самитот на ЕУ во Тирана, Сали Бериша повикува на протест против ЕУ, на денот на самитот, стои во реакцијата на Пелеши.

Според него „ниту Владимир Путин не би направил вакво нешто доколку ја води албанската опозиција“.

– Ниту Владимир Путин не би направил ништо повеќе од ова доколку ја води албанската опозиција. Еден подарок или стар долг? Како и да е Албанија не може да ја плати оваа сметка. Граѓанскиот однос кон овој срам е сечија должност, во прв ред на здравиот дел од Демократската партија, наведува тој.

И во останатите реакции овој потег на Бериша се оценува како срам за земјата и за Албанците „во чиј дом гостинот е секогаш добредојден“ и никогаш „пријателите не се дочекуваат со врева“.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....