-1.2 C
Скопје
08:06 - 19 февруари, 2026

ЕСПРЕСО ФОТКA НА ДЕНОТ: За „веспа“ нема лошо време!

Како да се создаде едноставно, издржливо, комфорно, а сепак елегантно возило достапно за широките маси?, се прашуваше Италијанецот Енрико Пјаџо. Човекот кој во суштина ги мразеше моторите почна да сонува да создаде револуционерно возило. Нурнувајќи се во познавањето на аеронаутиката, Енрико го замисли возилото направено на рам со рачка за менување на брзини, поставувајќи го моторот на задното тркало, додека предниот дел е лесен за маневрирање.

Неколку денови подоцна идеите ги стави на хартија и гледајќи во прототипот МР 6 возбудено извика – „Sembra una vespa!“ (изгледа како оса). И веспата е родена! Беше тоа април, 1946 година.

Вечно модерна и со чудесна магија во неа, „веспа“ не е само маркетиншки феномен. Таа одбележа дел од историјата. Во годините на „долче витата“ странските новинари ја нарекуваа Италија „земја на веспите“ и таа беше синоним за скутер. Благодарение на својата специфичност, веспата влезе и на големиот екран. Надвор од екранот ова моторче беше „сопатник“ на славните Ракел Велч, Урсула Андрес, Марчело Мастројани, Џоан Колинс, Џејн Месфилд, Мила Јовович, Џералдина Чаплин, Вирна Лизи, Џон Вејн, Жерар Департје, Џед Лоу, Еди Марфи, Овен Вилсон, Антонио Бандерас, Нани Морети, Мет Дејмон, Хенри Фонда, Гари Купер, Стинг…

Зошто лудуваме по неа? Затоа што „веспата“ е феномен што никогаш не излегува од мода и симбол на слободата!

И, еве ја, пак, тука, во Скопје, на 13 октомври, во прилично лошо време. Но, за “веспа“ нема лошо време!

Фото: Еспресо.мк / Виктор Поповски, фотографија – За веспа нема лошо време

Слични објави

Хороскоп за 19 февруари: Овните треба да избегнуваат импулсивни одлуки, Лавовите ќе го истакнат своето лидерство

Еспресо

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо
Се вчитува....