13.8 C
Скопје
17:04 - 17 октомври, 2026

Вкусови што се памтат: Посна македонска кујна – Компир салата со марула (РЕЦЕПТ)

YouTube

Божиќните пости кои траат 40 дена се голем предизвик како за верниците, така и за традиционалната македонска кујна. Традиционалното посно мени овојпат сакаме да го збогатиме со нови посни рецепти кои ќе бидат лесни за подготовка и вкусни за да уживате комплетно во постот.

За оваа вечер нашиот предлог е една превкусна компир салата со свежа марула, а тајната зошто е толку вкусна се крие во преливот од таан и сенф. Здраво, вкусно, лесно и посно. Мора да пробате!

– 400гр. компир
– 100гр. црвен кромид
– 1 голема марула
– 20гр. таан
– 20гр. сенф
– сок од лимон
– сол и бибер по вкус

Сварете ги компирите во лушпа, а откако убаво ќе се изладат излупете ги и исечете ги на тенки тркалца. Измијте ја убаво марулата и исушете ја со кујнска крпа. Исечете ја марулата најситно што можете и измешајте ја со варениот компир. Додадете го кромидот исечкан на тркалца.

Во мал сад измешајте ги таанот и сенфот, а потоа додедете малку сок од лимон, сол и бибер по желба. Мешајте убаво со маталка за сите состојки да се соединат.

Прелијте ја салата, убаво измешајте и сервирајте во длабок сад.

Добар апетит!

Слични објави

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.
Се вчитува....