17.8 C
Скопје
09:50 - 29 април, 2024

Температурата на која ги печете десертите го одредува нивниот квалитет

Температурата на која се печат колачињата, влијае врз финалниот изглед и вкус. Токму од температурата на која се печат, зависи дали колачот ќе изгледа добро и дали ќе ја има посакуваната текстура.

Понекогаш се случува колачињата да изгорат по рабовите, а во внатрешноста да останат недопечени. За да не ви се случува тоа, треба да знаете кое тесто, на која температура треба да го печете.

Куглоф или поголем колач

Доколку подготвувате голем колач или куглоф, треба да бидете свесни дека треба да му обезбедите температура на која рамномерно ќе се пече од сите страни.

Големите колачи вообичаено се печат на температура од 180 до 220 степени целзиусови, односно полека и подолго. Сите десерти се печат во претходно загреана рерна.

Profimedia

За времетраењето на печењето, неколкупати треба да ја свртите тавата во која се пече колачот. Ова е потребно за да го испечете колачот еднакво од сите страни, бидејќи колку и да ви е нова рерната, секогаш постои можност грејачите од едната да бидат посилни во споредба со грејачите од другата страна. Сепак, не треба да се претерува со отворање на рерната, бидејќи во тој случај колачот нема да го добие посакуваниот волумен и постои шанса да спласне наместо да се крева.

Доколку сепак колачот изгори на површината, а во внатрешноста сѐ уште не е допечен, треба да го покриете со алуминиумска фолија или со навлажнета хартија за печење и така покриен да го печете додека не се допече во внатрешниот дел.

Ситни колачиња

Доколку печете ситни колачиња, постапката за нивната подготовка е поразлична отколку кога станува збор за печење поголеми колачиња или само еден голем колач.

Помалите колачиња се печат на температура од 200 до 250 степени. Тоа значи дека секогаш треба да се водите од тоа, тие да се печат пократко време во загреана рерна. На тој начин ќе бидат крцкави и ќе ја добијат посакуваната боја и текстура.

Сепак, ако во подготовката на колачињата сте ставиле квасец, иако станува збор за ситни колачиња, процесот на нивно печење би требало да биде подолг за да им се остави доволно простор за да нараснат.

Секогаш имајте на ум дека ситните колачиња никогаш не треба да се печат на ниска температура. Наместо да добиете крцкав колач кој ќе се топи во уста, ќе подготвите тврд десерт кој нема да може да се јаде и наместо на колач, ќе личи на тврд бисквит. На појака температура колачињата секогаш добиваат златно-жолта боја и изгледаат многу убаво.

Profimedia

Обрнете внимание на тестото

Кога подготвувате десерти, имајте на ум дека состојките што сте ги ставиле во процесот на нивната изработка можат да бидат доволни показатели околу тоа на која температура треба да се печат.

Ако во тестото има само јајца, шеќер и брашно, потребната температура за термичката обработка на десертот не би требало да биде повисока од 130 степени. Од друга страна, пак, доколку во тестото сте додале бадеми, лешници или суво овошје, идеалната температура за негова подготовка не би требало да биде помала од 180 степени.

Тестото на колачињата во чиј состав има квасец треба да ги печете на температура од 240 степени околу 45 минути.

Кога станува збор за печењето десерти подготвени од лиснато тесто, препорачливо е да ги подготвувате на температура од 220 степени, притоа печејќи ги во просек од 30 до 45 минути.

Слични објави

Ново издание на туристички водич за Македонија каде раскажувањето е со љубов

еспресо

(Фото) Ви ги претставуваме Herbalife Pецептите: Вкусно патување кон лесна и здрава исхрана со Herbalife

Еспресо

Украси за елка што се јадат: Миризливи ѕвездички (традиционален германски рецепт)

Еспресо

Брз славски колач за Света Петка: Рецепт што ќе го запомните

Еспресо

(Фото) Билјана Јуруковски, фотографка меѓу африканските племиња: Психичките подготовки за моите патувања се потешки и од физичките

Јасмина Кантарџиева Димков

Превкусен ајвар по урнек на баба: Бранко Попоски ни го носи рецептот

Еспресо
Се вчитува....