02:31 - 9 ноември, 2026

Ретко кој може да ѝ одолее на оваа феноменална пита со сезонско овошје

Состојки:
500 грама кори за баклава
2 круши
4 јаболка
300 грама мелени ореви
1 лажица мед
15 грама цимет
200 милилитри минерална вода
100 милилитри масло за јадење
1 прашок за печиво
шеќер во прав

Подготовка:
Пред да почнете со подготовка на питата, треба да го подготвите филот.
Јаболката и крушите изрендајте ги на крупната страна од рендето. Вака подготвеното овошје, префрлете го во подлабок сад. Во садот додајте ги медот, циметот и мелените ореви. Сите состојки убаво измешајте ги и тргнете ги настрана.
Во помал сад измешајте ги минералната вода, маслото за јадење и прашокот за печиво.
Намачкајте ја тавата во која планирате да ја печете питата и можете да почнете со филување на корите. Земете една кора и ставете ја на работната површина. Потоа испрскајте ја со смесата од масло, прашок за печиво и минералната вода, па врз неа ставете друга кора. Врз втората кора ставете од филот и завиткајте во ролат. Постапката повторувајте ја додека има кори и фил.
Вака подготвената пита со овошје, печете ја во претходно загреана рерна на температура од 200 степени целзиусови околу 15 минути.
Готовата пита, откако ќе се излади, наросете ја со шеќер во прав.

Слични објави

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

На овој чоколаден колач со јаболка тешко дека ќе можете да му одолеете – не содржи ни јајца ни млеко

Т.Ц.

Што да јадете за подобра меморија? Овие намирници можат да помогнат во зачувувањето на здравјето на мозокот

К.С.

Есенски десерт што мириса на цимет — направете вкусни емпанади со тиква

Еспресо

Крцкави лиснати печива со сирење и сланина — вкусни залчиња од само неколку состојки

К.С.

Детокс смути со тиква и јаболко — здрав напиток што се подготвува за пет минути

К.С.
Се вчитува....