15:42 - 5 декември, 2025

(РЕЦЕПТ) ПРАЗНИЦИ ВО ДАНСКА: Пудинг од ориз и вишни кој се јаде на Божиќната ноќ

десерт данска пудинг рецепт

Рисаламанд е десерт кој се појавил кон крајот на 19 век во Данска. Вообичаено било да се подготви големо количество пудинг од ориз за ноќта пред Божиќ (lillejuleaften). Во пресрет на 23-ти, луѓето јаделе дел од пудингот од ориз, украсен со путер, шеќер и цимет. На Божиќната ноќ, остатоците од оризовиот пудинг се подготвувале со шлаг, бадем, сируп и вишни. Токму оваа припрема му го дала името на десерот – рисаламанд.

Во Данска е вообичаено во пудинготоѕ рисаламанд да се стави цел бадем. Тој што ќе го најде добива награда. Оваа награда е обично мало прасе од марципан, чоколадно срце или дури и играчка ако победникот е дете.

ВО МАКЕДОНИЈА, КАКО ВО ФРАНЦИЈА: Класичната зачинета торта со мед која е лесна и брза за правење!

Потребни состојки:

  • 500 мл полномасно млеко
  • 750 мл обезмастено млеко
  • 10 лажици шеќер (6 + 2 + 2)
  • 150 гр ориз за рижото (Арборио)
  • 1 зрно ванила, поделена по должина/ или лажица екстракт од ванила
  • 200 гр бадеми, мелени
  • 250 мл павлака за готвење
  • 1 тегла морело цреши (во нивниот сируп)/може да заменете со слатко од цреши
  • 1 лажица пченкарен скроб, измешан со 1 лажица вода
  • ¼ чаша ликер од цреша Херинг (или повеќе)/ може да заменете со друг ликер
  • 1 цел бадем

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Camilla (@fabfood4all)

Метод:

– Во тенџере измешајте млеко, 6 лажици шеќер и ориз и оставете да зоврие. Намалете ја температурата на средна и варете додека оризот не омекне и смесата не стане густа, често мешајќи, околу 30-40 минути.

– Истурете го пудингот од ориз во сад и оставете го целосно да се излади. Додадете ги сечканите бадеми и целиот бадем.

– Со електричен миксер изматете ја павлаката за готвење и 2 лажици шеќер во средна чинија додека не се стегнат. Додадете ванила и смесата од павлаката додадете ја во оризот.

– Покријте и ставете го во фрижидер околу 4 часа.

– Исцедете ги црешите и соберете го сирупот во тенџере. Додадете 2 лажици шеќер (или повеќе во зависност од сирупот). Додадете ја смесата со пченкарен скроб и оставете да зоврие со постојано мешање. Намалете ја температурата.

– Додадете ги резервираните цреши и ликерот и продолжете да варите, повремено мешајќи, околу 5 минути.

– Истурете го пудингот од ориз во чинии. Одозгора ставете топол сос од вишни.

Уживајте!

(РЕЦЕПТ)ВО МАКЕДОНИЈА, КАКО ВО ГРЦИЈА: Портокалопита – врвна прослава на сезоната на портокалите!

Слични објави

Халид Муслимовиќ пред самиот концерт завршил на инфузија! Еве што му се случило…

Еспресо

Саша Ковачевиќ ја разоткри Емина Јаховиќ! Ваков лут поради нејзината лага досега не сте го виделе!

Еспресо

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо

(Фото) Само тој ова го може: Сања го испофали Слаткаристика

msp-admin

(Видео) Кој е набилданиот маж од спотот на Теа Таировиќ: Со него сними жешки сцени на мотор!

Еспресо
Се вчитува....