04:17 - 25 февруари, 2026

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ ЧОКОЛАДНА ТОРТА: 4 состојки, 10 минути работа и совршен вкус – Звучи скоро неверојатно

Нашиот тим започна соработка со една посебна, прекрасна мајсторка во кујна – Мартина Трајаноска.

Шармантната Мартина стои зад превкусните рецепти пласирани на инстаграм-профилот (martinascooking).

Готви од мали нозе, а со текот на годините и искуството научила дека најважна состојка во секое јадење е – љубовта.

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ ДОМАШНА НУТЕЛА: Посна, мрсна, со цимет или без – Сами одлучувате!

Потребни состојки:

  • 400 гр мелени бисквити
  • 150-180 мл сок/путер
  • 400 мл слатка павлака(хопла)
  • 400 гр чоколадо

 

View this post on Instagram

 

A post shared by martinascooking (@martinascookingg)

Подготовка:

Мелените бисквити измешајте ги со сок по избор или растопен путер. Натапкајте ја смесата во плехче. Поубава би ми била мене лично во помало плехче а да е повисока(22-24см), а сега ја правев во 26-28 што пак си излезе супер. За филот само ставете ги на оган во тенџере хоплата(не матена) и чоколадото и мешајте постојано дури чоколадото не се растопи. Веднаш течен и топол филот префрлете го врз кората. Оставете минимум 2-4 часа во фрижидер. Најдобро е да користите чоколади за готвење, да не се млечни. За поинтересен вкус, во филот може да додадете некое ликерче по избор. Послужете со свежо овошје или декорација по избор.

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ ОВЕСНИ БАРОВИ ОД 4 СОСТОЈКИ: Брзо, здраво, превкусно

Слични објави

„Јас сум скапа жена, спонзоруша“: Ќерката на Дино Дворник си ја отвори душата

Еспресо

Гоца Тржан за поранешниот сопруг: „Многу се коцкаше, од бракот излегов гола како гасеница“

Еспресо

Кеба ја откри тајната на здравјето: Секое утро зема „природен антибиотик“ од манастир

Еспресо

Сузана Манчиќ се сели од својот стан од 175 квадрати во Белград: „Стана неподносливо!“

Еспресо

(Фото) Поранешна хрватска мис со објавата за борбата со ракот ги растажи сите

Еспресо

(Фото) Татко и ќерка на скијање: Дејвид Бекам создава нови спомени со ќерка си Харпер

Еспресо
Се вчитува....