08:16 - 7 април, 2026

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА ЈА ОТКРИ ТАЈНАТА ЗА ЗДРАВИ ПОСНИ БОМБИЦИ: Совршен десерт за овој петок

Мартина Трајаноска

Нашиот тим започна соработка со една посебна, прекрасна мајсторка во кујна – Мартина Трајаноска.

Шармантната Мартина стои зад превкусните рецепти пласирани на инстаграм-профилот (martinascooking).

Мартина Трајаноска
Мартина/Фото: Приватна архива

Готви од мали нозе, а со текот на годините и искуството научила дека најважна состојка во секое јадење е – љубовта.

Денес Мартина ни направи бомбици – ем здрави, ем посни! Совршена комбинација на вкусови кои ќе ве освојат од прв залак. Ова е нешто што мора да го пробате.

Фото: Принтскрин/Instagram

Потребни состојки:

  • 150 гр варен морков
  • 1 полна лажица мед
  • 30 гр мелени ореви
  • 30 гр овесно брашно (мелени овесни снегулки)
  • 30 гр кокос
  • џем
  • чоколадо

 

View this post on Instagram

 

A post shared by martinascooking (@martinascookingg)

Подготовка:

Многу едноставна и лесна постапка. Сварете го морковот и изгмечете го со вилушка или во блендер/сецко. Додадете го медот и останатите суви состојки. Замесете ја смесата и треба да е средно мека. Земајте по околу 1 лажица и оформете ја како на сликата на хартија на печење за полесна работа. На средина ставете по малце џем или свежо овошје. Преклопете и нежно оформете. За поубаво да ставите глазура кратко замрзнете ги бомбиците. Потоа само прелијте ги со чоколадо и тоа е тоа.

Слични објави

Хороскоп за 7 април: Раковите носат важна одлука од срце, Водолиите прават чекор кон слобода

Еспресо

Дара Бубамара за хејтерите: „Не смеат да ти кажат во лице, па зборуваат зад грб“

Еспресо

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.
Се вчитува....