0.8 C
Скопје
05:09 - 27 октомври, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Жителите на Скопје да си ги спремаат чадорите, еве кога!

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и понатаму натпросечно топло со умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од западен и од југозападен правец. Попладне ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 37 степени, вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и од југозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 34 степени.

Потоа за време на викендот, според Попоски, ќе има појава на локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и услови за ретка појава на град. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и од југозападен правец.

Температурите, особено во северните предели ќе бележат тенденција на мало опаѓање и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 36 степени, а УВ ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има умерено висока вредност и ќе изнесува коефициент (6).

Услови за локална нестабилност за време на викендот ќе има и во скопскиот регион, а температурите ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 30 степени. Потоа во почетокот од следната недела времето повторно ќе биде претежно стабилно и суво.

–Да напоменеме дека поради силното југозападно воздушно струење, од денес кај нас во атмосферата ќе биде присутна прашина и песок од Сахара, со што и времето ќе биде релативно мачно и спарно, заклучува Попоски. 

Слични објави

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо
Се вчитува....